Дури сега сригна ред да го пробам. Мене ми се бендиса. Убаво се нанесува, не ми ги исуши усните и преживеа пиење кафе и вода. Попушти на јадење, ама зборувам сендвич, каде нема можност за нежност. Не се избриша целосно, ама си бараше корекција. Јас го купив 408 и прилично интензивна и јака боја
Да ми предложите нијанса на кармин или моливче или течен кармин за секој ден боја, мат нежна боја што одговара на сите комбинации на бои облека од дм или голден роуз
Ваков имаше на римел by kate од црвените пакувања. Јас го имав, број 105. За жал никаде повеќе не го видов. Моливот е овој од сликата,ова е омбре. Можеш nude молив/кармин да ја добиеш оваа боја,со малку блендање.
Некој течен кармин иста нијанса да е како 040 nude s-he што беше? Многу убава боја е, но ми треба малку потраен од него, а и го потрошив веќе.
Сакам циклама кармин, ама не знам дали ќе ми стои дека мнооогу сум бела и смеѓа коса. Ако одговара, предлог за нијанса, темна, светла, да дречи? Можи и предлог за кој кармин, сакам да е мат, не течен.
Јас сум исто многу бела ама па се свиѓам како ми стои, сите дречави нијанси боље ми стојат него nude . Само шо не се толку модерни сега, па ретко кога го носам карминов. @Ugly Duckling мене овој ми е омилен. Мат кармин е и траен, на Авон кармините им се врв, не ги сушат ни усните. Avon - Adoring Love
Јас секогаш црвен, шо се вели и на тренерки го носам. Имам циклама ама сјаен и со светки и лошо ми стои. Општо розевите нијанси. Сега сакав да ме потапка некој по рамо и да си купам оти многу ми е ќеф со циклама нокти заедно. Фала многу за предлогот, и јас за Авон се мислев.
Барам кармин мат или полумат во светла нуд боја, но да биде во топла нијанса. Ако има течен уште поубаво. Се што ќе купам изгледа како барби пинк вештачки. Нешто слично на сликите подоле, но знам дека овие не се трајни затоа барам друга опција. Спојлер: нуд кармин слики
Од Essence или Maybelline течните да провериш, би требало да имаат вакви нијанси. Само зависи во дм кои нијанси ќе ги најдеш, често од слики од нет што барам, кај нас многу нијанси и не сум ги наоѓала. Затоа таму да побараш и шо ќе ти фати око најубаво.
На штандот на Есенс секогаш наоѓам само останати темни нијанси во сите ДМ. Ќе ги разгледам на Мејбилин.
Најдобри течни црвени кармини кои не се вадат со саати без разлика дали јадеш, пиеш итн.? Некој со слична долготрајноста како суперстеј на Мејбилин (мислам така се викаа)