Многу! Траат предолго. Едвај го извадив со масло, не се вади ич. За жал не ја имам црвената, зелена земав, ама преубаво стои!
Менхетен лип ту ласт 44Q, дебора имаат убави течни кармини, мојот е металик и презадоволна сум. Есенс 8-часовните се одлични, за жал никаде не сум видела тестери за да видиш дали ти одговара нијансата. @Elence93 bell имаат одлични нуд кармини, едната линија е покремаста, другата е мат и имаат голем избор на нуд кармини. Во Космо се 500 ден.
За течен и за обичен црвен со сигурност на MAC feels so grand или обичниот исто од ретро мат линијата , ruby woo или relentlessly red. Имам користено милион црвени кармини но овие едвај ги вадам. Сега зависи до која цена сакаш да дадеш ама кармин ко кармин споро се троши па вреди да се инвестира во еден добар
Пробај го Essence matte liquid lipstick-01 Hello sunrise. Јас го користев и го потрошив целиот, топ е, нјуд со топол подтон.Само мора да го комбинираш со потемно моливче, оти така самостојно е светол.
Во Сити мол не знам точно каде е ама во Џамбо е меѓу ескалаторите. Пиши им на Рефан сигурно ќе те упатат ако ги има на друго место.
Ја има. Лак имав еднаш од нив. И јас како што знам во Веро Џамбо ги имаше порано. Сега не сум заприметила.
Вчера го купив карминот на Maybelline superstay ink, баш е интересна формулата, има леплив финиш и кога ќе се исуши скроз останува нешто лепливо. Сликата сп стикерот е 3 саата од нанесувањето и имав јадено овде. Не се пренесува вооппто а изгкеда како да имате сјај. Интересно, сега за сега многу ми се допаѓа. Нијансата е 10 lippy
Кај нас е околу 800 дрн, јас го земав од ДМ. Ја имам нијансата 15 и ми е омилена за секој ден. Многу важно е убаво да се протресе пред нанесување. Трае повеќе од 9 часа, баш вчера и пратив слика на @koritsaki после 9 часа како изгледа. Секако сјајот го нема 9 часа.