Да да, поминаа 4ипол часа и сјајот уште го има иако јадев и пиев кафе. се изненадив , овие се одлични за разлика од тие другите течни мат кармини што кај ги сушеа мн усните и брзо избледуваа жената во парфимеријата ми рече со ништо не се вадат сано со масло или двофазно средство
Не знам дали за тука е прашањето но ве молам предложете долготраен кармин..ниту еден не ми се погодил после половина час, еден час секогаш имам линии и избришани места..само на краевите останува..Нешто слично ваква боја но да не е мат.. Долготрајни се??
Искрено немам кармин што трае, а да не е мат. И тоа течни мат кармини само. Другите класични кармини што не се мат сите брзо ми се бришат. А, поубави се на усните, но, ме нервира и мене што се краткотрајни. Со моливче може малку да им се продолжи трајноста само...
Можете да пробате прво да ставите мат кармин а преку него сјај, така би требало подолго да трае и нема да изгледа мат.
Мат кармин многу ми ги суши усните..затоа не ми одговара за секојдневна употреба... Мене ми изгледа како обично кафено моливче и малку сјај за усни
Едно прашање за љубителите на кармини,колку време користите еден кармин,со оглед што ние сакаме да имаме различни бои на кармини,колку долго ги користите?И како препознавате дали кармините се расипани или не се корисни повеќе?
Имам кармини што се стари по 4 години. Ако забележам промена некоја тогаш го фрлам. Обично ми остаруваат кармините со јаки бои што често не ги носам, црвена, бордо, розева...
Да,и јас така,а да те прашам,ги користиш ли тие понекогаш вака да ставиш од тие малку постаро како на пр.4 години?
И јас ги користам се додека убаво мирисаат и додека структурата им е океј. Ако осетам дека смениле мирис одма ги фрлам. Најчесто тоа го забележувам како промена кај постари кармини.
Предлог ваков мат кармин? Не е важно дали класичен или течен, важно ми е да биде посветол бидејќи постојано ги утнувам и на мене изгледаат темно.
Ѕирни го на Bourjois velvet lipstick- Hey nude На нет има слики ама не е така темен како што изгледа. По можност пробај од тестер прво
Имам прашање во врска со овие кармини на ГР дали ги користите дали ви се добри? Јас го имам овој кармин прилично е нов,сега купен,ама забележав дека кога го отворив на него имаше како малечки капки масло,како испитен да кажам хахахаха,потоа после некое време ги снема и сега воопшто го нема тоа.Инаку бојата е добра ме е сува,лесно се нанесува.И има малку поинаква миризба.Дали некоја ги користи овие карминчиња,или карминот е расипан?
Предлог кремаст кармин нијанса како овој на Аура 02 - I'm into you Спојлер: Кармин Карминов е предобар, лесно се нанесува, не се суши одма, значи има време за корекции, но устата ми е пресува, со мат дополнително се истакнува дека е сува. Не помага пилинг, лабело, хидратација итн, затоа барам кремаст кармин, да не е мат.