Мишелке и mims-89 таа сликичката што сте ја постирале и двете, со карминчињата на есенс, знаете шо бројче е тоа третото карминче?
Simoncelicius третото карминче на сликата е Kiss you 43 Спојлер Oва го има со сигурност кај нас , поточно го носеле и го носат сеуште. Можно е да го нема доколку се потрошило, но често го има Иначе,Мишела Ставрно мислам и за сенката се случи така сега и за карминчево,ама да ти кажам и јас сум прилично баксуз посебно во врска со карминиве. Eдвај ги наоѓам тие што ги сакам. Кај нас не ги носат сите ( посебно најубавите ) на жалост,и сеа другарка ми покажуваше што си земала гага работи од есенс од Германија ( тестери и дале ). И се заљубив во едно карминче,си реков ќе го земам ама кај нас мислам дека не го донеле воопшто... Јас ќе барам упорно,барај и ти Еве го патем кармничето што го сакам Fashionista 46. Mислам,не е нешто во несвест да паднеш ама слатко ми е,плус испробани ми се есенс највеќе и затоа си го сакам да го имам Aко некој го видел се моли да пише ,јас стварно не сум го нашла до сега
Ух, најчесто користам : Vintage Nude од Орифлеим (карминов е грд тука ) Спојлер Vintage Rose (првиот) Спојлер Pink Holiday, Авон.Понежен е во живо, многу убава боичка. Спојлер И еден од Fashion & Friends, не ми е од кај нас.Не можев да најдам конкретна, ама еве слична нијанса. Спојлер За навечер го користам овој понекогаш, Pink Coral од Орифлеим.Нијансата е СЕКС. Спојлер
Ваква нијанса на кармин барам сега, некој предлог ако може ? Кое бројче е карминчето од Кејт Мос nude нијансата ?
Сум си се заљубила во кармин. Овојпат за сериозно и засекогаш. Т.е. додека го произведуваат. Е, да ми се живи и здрави Трендафилка и Лудото дејче, им должам частоФка. Си ја пронајдов најубавата nude нијанса на кармин и не, не е 14ката Кејт Мос на Риммел. Ај погодете што ? - Ја немаше, ја смафтале. Абе ви кажав јас, па ме теши Лудото, ќе ја имало. Еве, ти кажав јас што малер сум. Беше останат само тестерот и се шалев со девојката во стилот, „а може тестерот да го земам, не мора да ми давате маскара гратис, карминот ме интересира само “. Се убија од смеење. Нијансата е 240, undressed. Па оваа 14ката, некакo темно ми делуваше од тестерот. Задоволна сум од оваа, не е апла nude како Есенс 52ката, ами баш јака, нежна и убава „гола“, „необлечена“, каква сакате - таква наречете ја. Па од црните кармини имаа тапа нијанси, среќа што ја имаше 01 црвената, следна ми е на листа, се шлапнав и од неа. Моето карминче е од овие. Ама ќе им одам пак по завршувањето на акцијата - доволна ми е една маскара. Еве ја нијансата отпpилика, ама не е баш онаа вистинската, иако се работи за слика со точната нијанса. Во живо е мноооогу поубава, ако ја сликнам ќе прикачам слика, фамозна Је, мава маааалку и на портокаловко. Па, која бара ваква светла и необлечена (сум се изнасмеала за имево) нијанса, нека си го купи шлапалово - топло препорачувам.
Ах Мишелке се заљубив во бојава, баш вакoв барам, а во моментов сум во криза.. Се надевам дека ќе има нијанси кога ќе соберам пари, ако соберам. Поголем баксуз од мене нема, мораше баш сега да има попуст.
За вечерни излегувања ги користам овие два кармини во зависност што ке носам а за праку ден го користам розов карнин
Во ДМ има попуст на кармините Аура - 160 денари се. Еве ја палетата Јас за зедов 961 и ми се допаѓа нијансата. Прв пат земам од Аура, па ќе видиме дали кармините се убави или не. Можеби некоја од вас има искуство, па нека ми каже.