Јас ги користев, супер се. Веројатно од роплото тоа се случило Инаку ваква нијанса ама баш ваква на кармин?
Moliv za usni nekoja kapucino-kafena boja. Imav edno epten pogodeno da puknam ne mi teknuva kakvo bese. Zemav skoro ja essence, ama suvo nekako, na rakata probuvav okej bojata na usni nikakva.
Некои од овие на ГР, зависно која точно нијанса ја сакаш. Мене ми се доста убави, кремасти и совршени за комбинација со други кармини. Не се баш тенки, но мене не ми пречи тоа.
Многу ми се трајни овие кармини мене. Едвај со средство за шминка ги вадам. Поделени мислења има, некои и не беа задоволни од нив, зависи, додека не пробаш сама да видиш како ќе ти се. На некого ќе му е нешто погодено, на некого и не.
Одличен. Немам зборови. Трае небитно што и да јадеш и пиеш. Јас прв пат ги пробав некаде јануари 2020 и дали беше до нијансата некој мн светло розев беше, не ми се допадна воопшто. Пред некој месец земав од новите кармини на Мејбилин и многу ми се допадна ,и тој е мат и мн траен ама има ефект на сјај а не е сјај. И реков уште една шанса да им дадам и на другиве мат кармини, купив два кај мене во Гр се околу 5-6 евра мн се евтини , и навистина колку ми се погодија немам зборови. Ќе ставсм слика, сите три се одлични и многу трајни. Не се вадат со ништо друго, само со масло или двофазно средство
Фала женски. Прашав затоа што ја тестирав истата нијанса во ДМ, но после 30-40 мин малку го триев местото на раката кафе го ставив карминот и се размачка, се надевам така нема да е на усните, ми треба нешто што не се вади лесно
Не, нема шанси да се вади од уста , ќе видиш многу се трајни од кога ги купив само од нив ставам. Тогаш дали таа нијанса беше таква и воопшто не ми се погоди и многу негативни коментари имам пишувано на форумов. Од кога испробав и др нијанси сменив мислење
Не дека се пресликуваше нешто многу туку не ми се сушеше убаво, како лушпи се правеше на устата по некој саат. Мислам беше нијансата 180 revolutionary. А еве од истиве кармини со овие нијанси нема проблем. Единствено може и да бил расипан карминот
Можеби , јас ги меркам карминиве ... најверојатно ќе земам само во нашиов ДМ да начекам нијанса. Иначе на рака се размачкуваа и јас кога ги тестирав но сега кога прочитав дека стојат на уста ќе земам