Црн кармин? Сестра ми сакала за журка за Halloween да има, барала ама не нашла никаде. Во потрага сум да и најдам до тогаш и да ја изненадам.
Барам кармин кој ќе одговара на црвена облека, но да биде суптилен. Ако е доста пигментиран да биде загасита боја. Може нешто како на сликата или ако имате предлог што би одговарало.
Да, овој е. Нијансата е слична на устата, само една нијанса потемна. Го користам карминов неколку години уназад. Нијансата му е преубава. Нешто слично и на мене ми стои како на сликава.
Од Голден Роуз и јас ваков имам баш, не тоа што членката го постирала погоре ама слично е. Купено ми е поодамна, избришано е бројчето ама највеќе личи на овој. 115 според гугл е бројчето. Може да им смениле пакувањето, па да е уствари исто со тоа од членката ако во поскоро време го купила.
Ве молам препорачајте ми кармин во иста нијанса како овој. Да е сјаен, не мат. И нијансата не е толку темна како на сликата, повеќе наликува на тој погоре од сликаѕа на @Puellapulchra. Да напоменам не сум во Мк, така да може предлози од Essence, Catrice, MUR, Nyx, Kiko, Maybelline, Loreal, Mac итн, за жал не Голден Роуз.
Вака нешто? Овој е на MAC Syrup Друг што можеш да го ѕирнеш е creme in you coffee исто на MAC. Нешто потемен треба да е од овој пто го имам јас
Creme in your coffie ми изгледа баш убаво Доколку не најдам некоја поевтина варијанта, ќе си се почастам. Ти благодарам!
Според мене, Ruby Woo е една од најдобрите црвени (мат) нијанси што некогаш се направени во кармин. Не е за секој ден, ама како стои со посвечени аутфити...