Вие што го имавте мат карминот од Maybelline, задоволни сте сеуште? Мене како да ми промени пигментација. Поблед е и како обичен сјај стана. Ќе ве тагнам @buba4e89 и @marama ,сигурна сум дека го имавте
За кој всушност зборуваш. За Vynil Ink? Ако да, тој треба да се потресе при нанесување за после да се матира врз усните самиот некако. Но, поради што е мат и сјај 2 во 1 нормално е после да остава некој сјај. Две-три пиења ќе издржи и толку. Јас повеќе сум задоволна од тие на Есенц каде ги нанесувам врз кармини и ми траат многу, не оставаат траги на чаши. Иако самостојно нанесени ја сушат устата мора да нанесеш лабело претходно.
Истото ми се случи, поблед ми е некако за разлика од тогаш кога го купив. Мене не ми се допаѓаат овие vinyl, матот се многу подобри, трајни
Исто. Никогаш веќе не би купила од нив. Од прво нанесување не ми се допаднаа нешто многу. Не се трајни како матот воопшто.
@buba4e89 да, тој. Го протресувам пред користење и навистина ми траеше цел ден. Првиот час оставаше траги на чаша,на пр. после тоа супер беше. Ама еве и @koritsaki го кажа истото. Изгледа до карминот е. Штета, а баш мислев дека го најдов идеалниот без чувство на сувост.
Јас пак сум многу задоволна од овие кармини. Многу ми се трајни и даваат одличен волумен. Си земав три нијанси и се нервирам што кај нас нема избор туку само тие истите 3-4 се и во ДМ и во Космо. А на интернет гледам има доста различни.
Искрено мислев да земам 2-3 нијанси да ги пробам и другите, ама и не се нешто евтини па плус и да не ми се погодат... Матот се одлични, ама пред нанесување е потребна хидратација на усните, а не се вадат така лесно и потребно е масло или двофазно средство
Оваа нијанса можеби? Овие кармини се ептен трајни, имам др нијанси, ги имав купено од тогаш кога носевме маски по неколку саати, најтрајни ми се имаат покажано и тешко се вадат , со масло или двофазен чистач само
Ваква боја кармин? Кремаст, сатен или сјаен но да е пигментиран. Имам од ГР многу сличен, peach sake, но е tinted lipbalm и треба да пројдам 10 пати.
Ова ти е Амбер од Мејбилин течните сјаеви. Или ако сакаш кремаст peach на голден роуз новите мат само една нијанса е. За жал не му памтам бројче ми го украдоа, деновиве ќе идам до таму па ќе пишам ако не ти се брза.
Од авон е овој, не ми текнува бројче мислам дека беше Мока. А,ако сакаш течен тогаш од Мејбилин Vinyl Ink.