Дали некој ја сретнал нијансата 35 од Мејбилајн винил сјаевите? Само тестери има, никаде не можам да најдам за продажба.
Мене последно овие многу ми се допаднаа. Сами внимавај има иста амбалажа и како со светки. https://www.catrice.eu/en-de/p/9379870001/shine-bomb-lipstick
Дали ги има кај нас на Maybeline Super Stay Coffee Edition кармините што се? Овие 6 нијанси, да не ги видела некоја негде на залиха? Во неколку продавници барав ги немаше...
Баш овие ги нема. Ама како мирисаат баш на кафе јас ја имав нијансата 260 hazelnut hypnotizer, навистина прекрасен кармин. Во Сефора во Грција ги има инаку
Која им е цената во Сефора? Ќе одам некој викенд во скоро, па да си планирам. Си ги пробала, трајни им се како и другите кармини на Мејбилајн?
Да, траен се покажа баш како и др кармини од истата линија. Јас го земав околу 9 евра имаше некој попуст, а регуларната цена им е 12 евра
Ваква боја кармин, до 500 ден? Може и како посветлиот и како потемниот, не ми е толку важно тоа. Сите нуд нијанси што ги купив имаат некој ладен подтон. Исто и моливче ако имате идеја.