Го имав 01, убав е многу, само тој беше покафена нијанса, 03 е баш розев нјуд кармин како тој што е на сликата што си ја ставила. Преубави се за секој ден карминиве.
Сликава е малку лоша ама подобра немам.Да прашам дали некој има идеа кој кармин би можело да биде ова
Доста сличен е мат молив карминот од Голден Роус 18, побарај од аура classics колекцијата (не ми текнува бројчето а го фрлив пред некој ден пакувањето) или види ги од кико милано кармините таму имаш вакви нијанси. Односно најлесно мислам во Голден Роус ќе најдеш. Спојлер: Кико милано оваа колекција на кармини златно со сребрено или црно имаат најголем избор на розевкасти па и крем нијанси (овој на сликата е циклама ама колку да објаснам за кои кармини станува збор)
Не знам дали ги има во Сефора на пример? Нека каже некоја ако знае. Јас од Германија си купував пред години, кога беа популарни течните мат. Ако имаш некој од таму, да ти нарача некако, во случај ако ги нема некаде поблиску.
Имам во Германија луѓе фино што ме потсети, баш ќе разгледам. Мислев ги нема во Европа, некаде прочитав само во Америка ги имало.
Има онлајн шоп , за Македонија нема шипинг ама има за Грција така да ако имаш таму кај некој да ти стигне . А вака изгледа ги нема низ дрогерии никаде не ми излезе.
Имам огромна колекција на кармини само зошто не можам да си најдам таков каков што сакам - малку појак од природната боја на устата. Да не биде розов, да не биде многу бежов, нешто измеѓу. Како одредувате што ви одговара? Сите финти по нет ги пробав, не сакам да ги користам на уста тестерите, ама на рака ги мачкам, ама така утнувам.
Немам решение, и ја сум во потрага по совршениот nude кармин. Евентуално пробај да мешаш кармини. И ако некоја нијанса е посветла стави и отпосле моливче. Не пред карминот, туку откако ќе го нанесеш одозгора со моливчето менувај ја нијансата. Е сега зависи и од тенот. Види ги на Голден Роуз мат молив-кармините 14,18. Или од класичните мат 1,16. Или од класика црните кармини Голден Роуз имаат најголем избор. Плус моливче потемно.
Види catrice мат ако ги немаш пробано, веган нешто едиција. Со години ги користам, и мислам имаат доста во тој спектар што го бараш. Како бирам нова нијанса, ко ќе ја нема веќе таа што ми била погодена? Го мачкам на рака тој што ми бил погоден, и до него праам цртки од можните кандидати. 3 приближни варијанти купив минатиот пат, дури ја најдам таа вистинската.
Да ми препорачате некој секојдневен кармин може и мат ама да не изгледа суво на устата. Nude нијанса или на розево нешто. И да не е многу скап до кај 300/400 ден макс
Мат течните на Тренд ит ап, првите два броја види ги. Доста се течни и поради тоа веднаш се сетираат и не мрдаат со часови. Воопшто не се чувствуваат и дури некогаш проверувам дали уште стои карминот.