Хм, ми делуваат како пазарска козметика (нека ме корегира некој ако грешам). Побарај во локални парфимерии или на пазар
Колку им е цената отприлика? Јас имам ваков на Maybelline, ама сакам да пробам сега на GR и се надевам дека овие на GR се уште подобри
Не се, прво самата цена и бренд си имаат разлика. На Golden rose многу се грди тие течните кармини, евтин изглед даваат, многу суво и испукано личат на усните, неубаво се бришат од средниот дел на усните и многу грдо личи карминот. На Golden Rose само nude колекцијата кармини им чини. И тие брзо се бришат од усните, само не личат лошо нанесено како течните што им се. За тие пари и не очекувам некоја долготрајност... На Maybelline, Max Factor и Bourjois од дрогериските брендови со попристапни цени ти се најубави кармините. Овие се уште поубави, на усните многу убаво стојат и не ги сушат, а со часови имаат издржливост. Essence имаат течни кармини со слична цена како Golden rose, подобри ми се тие ако ги споредам со оние на Golden rose. Само не се како на овие другите брендови, ама за таа цена се добри.
Не се сеќавам за цената, мислам околу 200 и нешто денари. И тие на Мејбилајн се трајни , ама доколку сакаш повеќе нијанси за избор , ѕирни ги ГР. И да не се лажеме, горе долу сите течни мат кармини ги сушат усните, било кој бренд , јас имам течни кармини на МAC, Sephora, GR, Catrice , сите ги сушат усните, иако користам лабело претходно , дури и она prep+prime на Mac го земав да го пробам, ништо не помага.
Баш така, нема течен мат кармин што е нежен за усните. Едноставно тоа е, мат ефектот си го прави своето. Затоа и не ги користам веќе течниве, ми пројде и мерак и сè.
Да, евентуално за кармините на MAC што зборевме ретро матот (обичното пакување),не се чувствуваат на усните и се тоа ама кога ќе го извадиш пак устата сува, испукана. Ништо не помага и јас веќе се имам префрлено на по сјајните хидратантни кармини.
Да, да, тие ми се врв и штетата на усните е можеби за нијанса помала во споредба со овие другиве. Кај мене не останува устата до толку сува како со течните, ама не е па и дека воопшто го нема тој ефект. Само полесно се средува со eден малку подебел слој лабело. И од ретро мат класичните само Ruby Woo го користам почесто, другиве ги баталив. Не верувам да најдам поубав црвен кармин од тој, навистина ми е прекрасен и не го менувам. Ама во глобала и јас повеќе ги сакам обичниве кармини без мат ефект, најчесто такви користам во последно време.
MAC Lady danger, јас лично го имам баш е ваков. Друг, Golden rose liquid lipstick 14 Bourjois velvet lipstick нијанса 07 Joli carmin'ois Golden rose Bourjois
Дали кај нас ги има овие течни кармини на Лореал? Гледам на инста странски инфлуенсерки многу ги рекламираат, добри ли се или само добар маркетинг?
Dobar e? Epten mi se dopadna na videovo https://www.instagram.com/reel/Cx-nVdIINn4/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== i cena ako znaes?