Женски, прашањево не знам каде да го сместам, налетав на едно видео на тик ток како да познаеш кармините дали имаат олово внатре , триејќи врз карминот со златен прстен ако се прави црна трага значи има олово.. Тој горе е MAC velvet teddy, а другиот 33 на Голден роуз. Тој на MAC има црни траги, ќе го фрлам
Немој да ме плашиш Ова е леџит? Стварно тоа означува или е само претпоставка? На тикток се се објавува сепак..
Уф,не знам, јас и др пат имам слушнато ама реков сега ќе пробам... Пробав и др од mac некои оставија црно некои не, пробав еден од yves saint laurent тој највеќе црно извади. Од Кико милано беше ок. Ќе ја тагнам и @Biodevojka да каже мислење, мислам дека има пишувано нешто за ова Веќе не користам ништо ќе се префрлам скроз на природни кармини
Баш. Мислам ова стварно не е за занемарување, карминот го ставаме на уста што би се рекло пола го јадеме...
Здраво драга зависи од декларацијата. Ако имате декларација за специфичен производ пишете. Од Кико гарантирам за линијата греен тие кармини се ок.
И јас не сум задоволна од МАС во последно време. Како да ги утињаат нијансите или пак нови трендови се, еве незнам..
Дали ги има овие кармини кај нас или да ми препорачате некој друг со слична нијанса? Нешто помеѓу кафено- портокалово.
Мислам дека ги има, ако не од овој модел со шарена опаковка, ги има тие со црна. Е сега за нијанси колку се снабдени не знам.
Девојки, сакам да ми кажете разлики помеѓу течниве на ГР и течните на Аура, кои се потрајни, попријатни на уста и сл. Течните на Гр ги имам користено, на Аура од новите течни не.
Овој ми е еден од најдобрите кармини што сум ги користела. Долготраен - си стои со саати и со јадење, мат, структурата одлична, а не е прескап. 26 го имам(истиот од сликата), многу убава природна кафеава нијанса.
Кармин што ми одговара никогаш не сум нашла. Ако е мат го осеќам на уста како кора да имам или па сјаен е многу дречав. Ми треба препорака за ваков некој Значи средно сјаен и плус да лежи на усни убаво (многу битно иначе не го трпам) со нежно розевкаста боја