Јас зедов пред некое време кармин на Аура. но не сум сигурна дали е баш ваков, некоја нијанса слична на првата, 901. Убава пигментација, дава некој мат изглед, но немав можност да ја испробам неговата трајност бидејки не ми се допаѓаше како ми стои бојата. Јас го зедов 120 денари мислам од помала парфимерија. Би требало и овој да е сличен, многу убави нијанси има. Во план сум да земам, но се надевам дека нема да ја утнам нијансата повторно
Ауу 914 ми падна во око. Морам да испитам. Ќе биде добро ако има ваква нијанса и од кармините на Кејт Мос. Верувам дека се одлични штом толку ги испофаливте, само нијансата на црвено што сите ја користат мислам дека нема да ми одговара на тенот, а и некако се решив зимава да се дружам со потемни бои на кармин.
Најдобар до сега фамозната линија на Кејт Мос Rimmel бр.11 совршенство. Додуша сите кармини од оваа линија се супер, но овој го издвојувам како бр.1
Имаш на Севнтин мат кармин таква боја, околу 250 денари е. Бројчето не го знам, само го видов и ми е во план да си го купам.
Женски само што ми пристигна карминот од Авон од колор тренд,се изненадив и самта,супер карминче е а нијансата рич руби...прекрасно
Јас исто така би го пофалила кармин4ево на колор тренд на авон...Мн убава бои4ка баш каков што барав.доста е траен и со пристојна цена саааамоо 109 ден Нијансата е Flirt
Бордо кармин некоја марка и бројче да ми препорачате, до кај 300, барем? Ама да не мава на вилетово, имам таков малку страшно делува,иаку со мојов бел тен не стои лошо, сакам право бордо боја кармин. Вака отприлика Темна изразито пупурпна црвена.
Ваква нијанса видов во Шатце, мислам дека беше околу 320 денари. А јас пак, очајно барам таков ко што го опиша, што оди малку на виолетово... Од каде го зеде? Се надевам дека не е некоја енормна цена (мислам погоре од 700 )
^ Арно тоа, туку што марка е? Инаку јас овој го земав од бјути шоп скопјака ама лани, некои 200 денари преку сила беша, марка-Карло ди рома е, ма да не е типичен кармин во оние како коцка е пластична и прозирна. Тешко дека ќе најдеш карло ди рома скоро ич да ги нема, а штета преубави и кармини имаат и посебно лакови ама слабо се наоѓаат кај нас не ги увезуваат више изгледа, а само во бјути шоп ги имаше. Али може да најдеш сличен мислам дека се наоѓаат(примерРимел, мејблин...) Мојот е баш ваква боја А оваа е опаковката како изгледа карминчето Провери да не им останало уште некое,случајно. Денес ќе идам порано да видам дали има некоја боја бордо во елексир и флормар, ако видам ваков ќе запишам бројче и цена и ќе ти пишам. Али многу е темен и малку вамп излед дава, барем јас така се осеќам П.С Спојлер Eве ја и бојата баш таква го сликав да го видиш дали е тој
Отприлика таква нијанса сакам да е, не би сметало и потемен или пак и на трула вишна да удира. (ти благодарам што си го шкрапнала карминчето) Баш ќе проверам на неколку места, зашто јас очекував дека во Шатце ќе најдам и немав време да шетнам по парфимериите. Инаку таму ми покажаа неколку типа такви темно борди нијанси, не ми текнува чии беа, најдобро да си провериш. Верувам дека ќе си го пронајдеш совршениот. вака нешто имаше Впрочем не ни постои некоја ептееен изразена дистинкција меѓу нијансиве... На сликиве ем различно ни изгледаат заради различниот тен на моделите кои ги носат...
па не знам дали е бордо, ама многу е убав, и бојата е убава, а и ефтин е од Aвон оние по 100че. мене ми се свиѓа, и траат Eдит- Xипстер, послден пат кога бев кај Cкопјанка у бјути (а тоа беше пред добри 8 месеца) имаше на Kарло кармини, ама слабо избор
истата боја на кармин ја имам,golden rose бројче 59,подарок ми е и не знам да ти кажам која колекција е и колку чини,провери во нивните продавници сигорно ќе го најдеш..