Ако може да престане трендот со мешање на сите можни бои на кармини со кафеав молив. Ако може и да престанат да „покажуваат“ како изгледа некој кармин со само малце нанесено, распоредено и во суштина ништо нема од карминот. И во двата случаи е сосема друга нијанса.
Ако така размислуваме истиот кармин ќе има различна нијанса на твојата и на мојата уста затоа што усните ни имаат различна боја.
Не е исто со мешање на различни бои (како циклама и кафеав молив со што се добива сосема различна нијанса или жар црвен кармин со кафеав молив со чие мешање се добива некоја бордо нијанса). Исто така не е исто ако се нанесе како што вообичаено се нанесуваат при испробување и не е исто ако се нанесе ептен миминално и притоа тоа се распореди со прсти со тапкање низ цела површина со што не се покажува ништо од реалниот изглед на карминот, а половина и од тоа веќе останало и на прстите. Поентата е да се види бојата (што всушност и им стои во насловите), а не како тие би ги носеле. Не можеш да кажеш дека е исто со тоа што го имаш наведено. Не се работи за тон и тен на кожата.
Барам њуд нијанса ама да не мава на розево туку повеќе да е на ваква праскаста нијанса. Предлог? Можи и мат можи и кремаст
Мене заради оваа причина ми е тешко да најдам кармин. Не го сфатив ич тоа кафено исцртување на усните, кои благо речено дава изглед на гнасно отколку на полна уста (башка што вистинската нијанса не се гледа).
Трајност имаат,а не се скапи јас и во КАМ еднаш купив имаше нешто за осми март несесер со козметика.Полски бренд е Bell https://www.google.com/url?sa=t&sou...kQFnoECDMQAQ&usg=AOvVaw2Zs3MyWw9xhKOMIJAjEBCH
Bell може да ги нарачате на https://www.dekorativaklasik.mk/ или пишете им ќе ве упатат каде ги има. Многу добар бренд, штета кај нас не е многу популарен.