Старо е мислењево ама ај може ќе ме просветлиш Јас од тука го видов карминов и денес си го купив и ај одма да го пробам дома. Прво, фала ти, карминот, бојата е супер. Второ, како, по ѓаболите се брише карминов? Бришев миев и пак сум со црвена уста Кажувај чаре
На кој кармин од спомнатите мислиш? Ако се однесува за Maybelline, прилично тешко се чисти црвениот. Пробај со маслен чистач убаво да истриеш, или пак натопи убаво и обилно тупфер за лице во мицеларна вода, остави го неколку секунди да стои на уста за малку да попушти и потоа истриј некако. Можеш и со кокосово масло да пробаш да го извадиш. Генерално, многу помагаат маслени чистачи и масла.
Не знам како по грешка сум те цитирала и тебе Инаку да, на тој мислев. Какви се тие маслени чистачи? Може слика од некој добар? Скарана сум малку со козметика и шминки освен креми за лице и затоа не се разбирам баш
Вакво масло на пример можеш да земеш, во ДМ го има и не е скапо. Се става на уста со рака ќе притриеш, ќе излезе и ќе избришеш со тупферче само мило ми е што ти се допадна карминот, кој го зема?
Тој на Maybelline,црвениот, бр 118 беше мислам. Вчера го земав и ај одма дома да го пробам и еве уште си шетам со пола црвена уста Од сабајле шетав дете, хеланки патики маичка и дреч црвен кармин, стајлинг 10ка Утре одам до ДМ и ќе си го земам ова, фала ти
Препорака кармин со таква боја да биде сув на уста да има како сјај ,ама цена до кај 300 ден.да биде.
Замена за Mаybelline Captivated 95? Бојата ми е совршена, светла нуд нијанса и воопшто нема ладен/сив подтон. Трае долго, но после некое време пигментот се троши и останува само проѕирен сјај. До сега потрошив 3, но не до крај, само додека имаше боја.
Многу ја сакам нијансава, нешто на кафено/бордо, а никаде не можам да најдам класичен кармин во таа боја што не е или сјај или мат и не е претемен. Предлог некој?
Карминов ми е земен поодамна, сега сакав пак да си земам, барав не можам никаде да го најдам.. дали се повлечени од продажба скроз или ги имате видено негде или барем дали имаат некоја замена? Ептен погоден ми беше
Maybelline нијансата 35 за оние кои се фан на нуде нијанси. Совршена е. Јас знам дека ѓи има, не им се повлечени. Провери и низ аптеките кои што имаат штанд на Есенс.
Потврдувам за 35ката, прекрасен е! Само мене лично ми е скап бидејќи некако брзо ми се троши. Ако знае некој кармин во слична боја нека пише. Не мора да е течен.
Види ѓи и овие. Имаат убави рецензии и по пристапни цени се. https://www.essence.eu/en-de/p/937165/8h-matte-liquid-lipstick