Повлечени се, на нивно место донесоа нови производи (најверојатно кармини). И јас се опседнав со 302 и 303, преубави нијанси за секој ден, си купив залиха со време. Иначе да ги ѕирнеш новите кармини на голден роуз, sheer bright lipstick, ги немам видено во живо ама на тикток ми делуваат слични во текстура како овие.
Има една убава nude нијанса на Авон, Latte. Би требало да ја има низ каталогот уште, освен ако нешто не е сменето.
Мене ми е омилено NYX Cold Brew моливче ако можеш некаде да го најдеш. Пребарај reviews на ТикТок да видиш како стои на посветли девојки.
Менхетен одамна ги нема кај нас. Да им пишеш на Декоратива класик да не имаат некоја нијанса останато, тие беа дистрибутери.
Oвие ги донесоа кај нас dm, berry haze нијанса види ја, мислам дека е слична. Убави се, како лабелца, јас земав друга нијанса ама и оваа што ти ја пишувам сакам да ја земам. Како опседната личност со лабелцава во боја, ми се допаѓаат овие. Сјајно е и полесно на уста, го имам и ова од есенс. Едит: Сега гледам дека ја бараш средната нијанса, јас ја имам најрозевката од есенс, мислев за нејзе прашуваш. Во секој случај има убави нијанси од ова што ти го предложив, види си.
Барав тема кај ова да го прашам. Го барам berry haze, во dm во Кисела Вода го немаше, зедов acai glaze, ама темничок ми е, berry haze совршен би ми бил. Ама во кој dm можам низ Скопјево да го начекам?
Јас вчера од Џевахир сакав да го земам, само тој го немаше.. Да се редактирам, сега ми текна. Можеш на инстаграм да им пишеш на дм системски да проверат кај има, јас им имам пишувано за друго нешто, ми кажаа локации, сега нормално со можност за грешка ама системски имаат увид