Нешто интересно што го открив вчера Летото го купив карминов на Gosh, беа на попуст. Имам секакви нијанси, па си велам ај ќе ја земам оваа, немав ништо слично. (нијансата е 152 - Mandarina) Немаше тестер, ама фино изгледаше. Како некој спој од nude и нежно корално. ...се додека не ја пробав. Катастрофа, некоја лоша nude нијанса, воопшто не ми стоеше. Го немав ставено до вчера. А вчера ми текна нешто - го ставив карминов како основа, а врз него ставив неонско розов кармин. Допив многу убава кремаста корална нијанса. Потоа ставив црвен и добив убава светло црвена нијанса. Значи слободно мешајте кармини и можеби ќе се изненадите од резултатите, карминов е пример за многу лош кармин сам по себе, ама супер како основа
Има убави на Gosh, не се скапи по 260 ден. се, мене омилен ми е овој Cappuccino. https://lh4.googleusercontent.com/-hZNy ... 2111_n.jpg
Каква бордо нијанса сум пронашла, да си пукне човек. http://i1.sdlcdn.com/img/product/main/D ... M_1_2x.jpg Голема е сликата да ја ставам, затоа ставив линк. На Дебора - Росето Атомик Ред, бр. 20. Првпат користам кармин на Дебора и многу ми се допаѓа. Цената му е вртоглави 360 ден. ама мене ми го дадоа со попуст за 250 ден. Ептен пуштија срце предновогодишно, благодарност до двете фини продавачки. Хидратантен, долготраен, не ги суши усните и долго се задржува.
^ Тајгерлејди имаше поставено слика на претходната страница од темава, ама пак ќе ја ставам во спојлер. И дури и сликава кажува дека мене црвен кармин не ми одговара, а јас сум убедена дека не постои женско битие на кое не му стои црвен кармин и дека битно е да се пронајде таа проклета нијанса. П.С. Мојот тен одговара со сликичката за fair complexion и ако некоја има идеја каква нијанса на црвен кармин би одговарала со таквиот тен - нека каже сега, веднаш! Ми се смачи од утнати црвени кармини. Се ребрам да го купам кецот од колекцијата на Кејт Мос, ама па, не ми се даваат 200 денари за џабе, веќе имам доволно во колекцијата што ми фаќаат прашина. Спојлер
Мишела, јас мислам дека ти имаш и плава коса ако не се лажам. Ако е така, ондак true red нијанса би ти одговарала највеќе. Fair skin + blonde hair = true red lipstick. EXPERT TIP "If you've got light hair and skin, go for a true red," says makeup artist Fiona Stiles, whose regular clients include Halle Berry, Elizabeth Banks, and Paula Patton. And what exactly is a true red? "It's got just the teeniest bit of blue in it," she explains. "That hint of coolness will help downplay any ruddiness in your skin." Ова е таа нијанса: Ова е со blue undertone. Спојлер
Јас одамна се спремам да го земам Дебора бр. 8, така да штом го имам, ви го постирам да го видете. (8-цата е во средина) (2-ра од десно)
пробајте од Classic's кармин број 24.. месо боја така нежно розевникаво доаѓа. Им дава природен изглед на усните, ги освежува, јас најчесто го ставам за у школо бидејќи не е многу приметлив провери во Голден Росе или евентуално во Космо треба да го има
Тредафилке добро што ми го спомена карминчево, го имам од поодамна, слична е бојата само незнам дали и моето е 20 бројчето, ама мене мн темен бе ми изгледа, според сликава мишела што ја ставила, мене нијанса на кожата ми е некаде медиум али ке пробам карминчево да го мешам со некое друго за да го осветлам, него кажете ми кое карминче ја има таа боја на сликата што е потпишана како априкот? ( нез како се чита ова ) И колку се на дебора карминчињата што ги постирала Leeloo сите убаво ми изгледаат
А на темно кафена коса каков црвен кармин најмногу одговара. И јас исто како Мишелка имам повеќе утнати нијанси на црвени кармини. Мојот тен одговара на fair complexion, според сликичката не ми одговара црвен кармин ама јас пукнав да си најдам. П.С. Си зедов еден темно црвен од Авон ама воопшто не ми стои.
Женцки, јас барам ваква боја на кармин, ама да не биде скап, може нешто од карминчињата на Голден Роуз.