Тинтот на Есенс, оној кој е копија на Бенефит. Баш таква боја на вишна остава, ги фарба усните и е прилично траен.
Каде наогате поголем избор на Есенс и Катрис? Јас периодот во повеќе ДМ влегов во Ск ама како и секаде, ги нема производите што ги гледам од нет.
За жал многу од новите производи ги нема или пак рафтовите им се празни. Но јас често одам во ДМ па успевам да начекам нешто добро а си чувам и залиха од некои производи кои ми се допаѓаат.
Секаде е празно , не знам зошто. Единствено пред 2 недели начекав полн рафт на Есенс производи вп ДМ во Дајмонд и реков ќе си ја земам маскарата I love extreme, на крај земав други работи за маскарата заборавив. Потоа отидов по некој ден гледам пак празно се снемало. Пред некој ден конечно ја најдов во ДМ во веро центар, една само беше.
Во Цевахир не знаете што е празно. Најблиску ми е ама го избегнувам, катастрофа снабдено, се раздигано. Есенс, па мислам и катрис во шатци има, не се празни штандовите.