Коритсаки, ај пиши бројче на карминчево и дали си задоволна, баш ми се допаѓа нијансата Кремаста текстура има, така? Едит: И цената не би била на одмет
Limited edition се овие кармини и се сомневам дека ги има кај нас. И мене ми фати око нијансава, ама не ми се купува, зашто овој ќе биде милионити по ред со ваква нијанса. Ако не го најдеш, ти го препорачувам на Риммел бројче 240, undressed. Можеби ќе дојде нијанса потемен од овој на Коритсаки (иако на дневна светлина ми се чини дека изгледа сосема ист како на сликата), ама одличен е во секој поглед. Нијанса, текстура, трајност - туто комплето!
Па дека Коритсаки имаше некаде пишано дека сега е во МК, затоа ја прашав, мислев од тука го земала Епа не е фер ако е limited edition, ќе треба цело Скопје да го свртам за да го најдам (ако воопшто го има) А за Римел, тоа е веќе проверен квалитет, тука нема сомнеж Имам јас две карминчиња на Римел и супер ми се, ептен сум задоволна, а најмногу од текстурата - доволно кремаста како што сакам, а сепак некако и сува (мат), што ги прави доста трајни. Полн погодок се, па ќе го ѕирнам и ова твоево На крај, познавајќи се каков манијак сум, ќе ги купам и Римелот и тој на Коритсаки ако го најдам Не сум јас нешто да видам, одма морам да го имам
Море, ако го најдеш тој на Коритсаки, пиши овде. Да видам и јас што можам да најдам тука. Изгорена сум за вакви „голи“ нијанси. Јас претпоставив дека од Грција го купила, ама ете...
Девојки извинете што доцнам со одговор, дури сега гледам дека сте пишале Карминот е Менхетен број 95D го земав од Космо Тинекс во Зебра трговскиот , 240 денари Карминов е месо боја и не е мат туку хидратантен и не ја суши устата , јас лично сум задоволна Е сега јас барав мат кармин , но и овој е супер
^ E значи како си ме израдувала што ти е од Ск Одлично ако е хидратантен, јас па баш таков барам и фала ти многу на инфо А ако бараш добар мат nude кармин, јас ќе ти го препорачам Revlon од Revlon Matte линијата, број 001 - Nude Attitude. Јас го имам и прекрасен е, ова ми е најубавиот кармин што некогаш сум го имала. Многу е траен, цел ден стои без проблем. Јас ставам за на работа, јадам, пијам, и пак кога ќе си дојдам дома после 8 часа, карминов ми е на уста. Го обожавам! Еве го во спојлер Спојлер Toj од лево А еве како изгледа на усни Спојлер
Да хидратантен е , продавачката ми го препорача , а имаше и потемна нијанса (за мене беше претемна јас барав посветла) А карминиве од Ревлон ги има во Космо продавницаве или?
^ Да, јас го имам земено баш од тоа Космо во Зебра што е. Нема нешто многу избор на нијанси, ама овој nude attitude би требало да го има. Многу е убав, сигурна сум дека ќе ти се допадне Јас ако начекам, би си земала и уште некое карминче од Ревлонов, некоја друга нијанса Многу ми се погоди, а онака случајно го земав. И не памтам колку им беше цената, има неколку месеци веќе како го имам купено Знам дека не беше баш евтинко, ама не беше ни нешто многу скапо, само никако да се сетам
Девојки, дај кажете ми кај можам да си најдам ваква боја на карминче? Марка, бројче? Па може и цена. Си имав јас вакво карминче од Орифлејм, ама тоа беше мноооогу одамна, пред речиси 10 години и сега сакам пак, зошто знам дека бојава ми стои.
Лепа, можеш пак да си земеш од Орифлејм, јас имам исто вакво со нијанса nude pink. Мислам дека таа ја бараш. Тоа е она во средината. Спојлер Обично ваква нијанса имаат во сите колекции, разгледај го каталогот на интернет и провери, може ќе ти фати око некое. Ваква nude pink видов во Космо, на Риммел беше карминот, ама бројчето не го запаметив. Прашај и таму, мене Риммел ми се посигурна варијанта.
Последниов период ја обновив мојата колекција на кармини, но се со слични или нијанси што сум ги имала и порано. И сите ми се розеникави, потемни или посветли. Четири најомилени. Спојлер малку е лоша сликата, но ова е најдоброто што можев да го сликам. нијансите се 90% доловени
Би можеле ли да ми препорачате некоја добра, квалитетна црвена нијанса на кармин, но не бордо, а не и некоја светла, односно да не оди накај портокалово. Вистинска црвена боја, има ли некаде да се најде нешто такво, и доколу сте упатени и за цена би било добро да пишете Или можеби доколу некаде сте виделе да се продаваат кармин и моливче за уста во истата нијанса.
Мене најблиску до оваа нијанса ми е оваа на авон е сеа пишува Ultra Color Lipstick Pout ваљда тоа е нијансата, го имаш во новиот каталог, цена 259 ден еве ти линк од брошурата http://www.avon.com.mk/brosura.htm барај на страна 36
Devojki, ve molam da mi preporacate nekoja boja i marka na karmin. I jas veke podolgo vreme baram nekoj ubav, no ne mozam da si najdam nekoj sto ke mi odgovara. Imam kafena kosa i kafeni oci. Najcesto na mene nosam ednobojno nesto , vo crna bela siva, kafena, teget boja.. Ve molam preporacajte nekoj sto mislite deka kje mi odgovara....Fala odnapred. Inace iako ne se razbiram od karmini na site ruskokosi im preporacuvam ciklama karmini moj sovet vi e da ne gledate koj karmin izgleda ubavo na drug, tuku koj izgleda ubavo na vas. [mod-kirilica:rg3hfkqb][/mod-kirilica:rg3hfkqb]
Ваква apricot нијанса имате кармин на Гош. Ист, ама сосем ист како на сликата. 260 ден. во Јуник, бројчето е мислам 82 velvet touch exotic. Карминот е предобро пигментиран и траен, Гош нема утка за кармини. http://www.gosh.dk/Default.html#/Defaul ... D=coslip05
па вака,еве јас имам кафеави очи и коса исто како и ти, го кроистам карминот за преку ден од Манхатан 95d а можеш да побараш и нијанса потемен ,јас го земав од Космо Тинекс. Потоа за преку ден еве и овој ке ти го препорачам Revlon Matte lipstick 002 Pink Pout За навечер секако посилни нијанси , црвена или розева Јас планирам овој да си го купам бидејки сите на форумов го фалат