Јас имам гооолем проблем со наоѓањето на кармин кој би ми одговарал, нуде, розевите и други светли нијанси баш и не ми изгледаат. Имам црвена коса и беличок тен, се мислам да земам од оние кармините на Кејт Мос во црвена само не знам која нијанса
Во контекст на муабетот за Gosh кармините и јас имам милион пофалби! Јас на Гош кармин, немам, ама мајка ми само нив ги користи. Ќе ја прашував ( до вчера ) : “Зошто бе мамо само Гош кармини користиш?“, и таа само едно мрзливо: “А бе трајни се! Многу се трајни!“ : ) И вчера, сама се уверив во тоа! Си се мачкам ја за по дома со кармини онака (спремам испит, не сум излегла неколку дена од дома) и од кај 15 часот, јадев, пиев, ставив лабело несвесно (заборавив дека сум нашминкана ), цело време грицкам нешто, карминов не мрдна до кај 2 по полноќ, тогаш се видов на огледало, дотогаш имав - секако малце избледено, ако сакав да го добијам примарниот ефект ќе требаше пак да си нанесам карминче. Малце, ама битно имав уште кармин! Добро сега не го пробав, на “долги стази“ ( ) Таква трајност, хидратација немам видено! доволно е само еднаш да нанесиш и ја имаш бојата на карминот, баш, не се потребни 100 слоја. : ) Еве, јас ова го испробав: Замислете ме, со неисчупани веѓи, без пудра, бледа ко дух и карминов! Ама шта чеш, пуста желба принцеза да станам, не ме напушта никако!
Зависи од тоа колку си од оние по храбрите за црвен кармин во дневна варијанта би ти препорачала : А како вечерна варијанта,дефинитивно бургунди или цласично жар црвено:
Во секое време Само да не го заборавиш златното правило : - Или истакни ги усните или очите,со ове карминчиња доволна ке ти биде маскара
Тоа и сакам да ти кажам... Очите истакни ги само со бледа сенка во кожа боја или нежна розева,и тенка линија со туш и малку маскара,но никако на долните трепки зошто ке ти ги направат очите многу тешки и можно е да ти дадат сосема обратен ефект (уморни очи).
Женски ваква боја на кармин како на девојкава на сликава? Очајна сум по бојава, ги свртвев и космо и јуник и дм и никако да ја најдам истата, рчкав и по темава и тие на гош и на римел ( трендафилка мислам ги има предложено) црвените, ми се темни за мој вкус. Да знам која е женскава би ја прашала што кармиче е, жими се Имаме ист тен и иста нијанса на коса гледајќи на неа како и стои Ако знае некоја ваква ама иста ваква нијанса нека предложи...
Омилениот ми кармин, и ‘ го украдов на мајка ми. Прастар е и она баш на кармин мириса кога ќе го отвориш и појма немам кај и дали ќе го најдам кога ќе го потрошам, зашто името е излижано од пластиката, а мајка ми абер нема што фирма е.
денес си го купив овој кармин од линијата на Кејт Мос , нијансата бр. 111 , од Јуник прекрасен е карминов а и таква црвена нијанса барав долго време
^Па ќе го стаиш у рерна.Ако се стопи има топол,а ако се замрзне-ладен подтон Џст кидинг,и мене ме интересира горенаведеново прашање... И да Да ми препорачате убаво нежно карминче
Топлиот подтон уште се вика црвен подтон, а ладниот - син. Тоа значи дека кармините со топол подтон повеќе влечат кон портокалови и златни нијанси, а оние со ладен кон виолетови и сини. Пример за црвен кармин со топол подтон: Со ладен: Иначе немам поим дали сето ова е навистина така, ова е само моја теорија и јас вака го сфаќам Сепак постојат некои кармини на кои е навистина тешко да се определи подтонот.
Девојчики, што бројче е последниот од најдесно кармин ? Не можам да го изгуглам, пустиот. Риммел е карминов, Кејт Мос колекција - во случај да не се гледа убаво. Едит - го најдов, фајнали. 101 Спојлер Ако ми мине испитната сесија како што треба - се частам!
Јас имам сличен на овој од Кејт колекцијата на Римел број 06, можеби мојов е нијанса посветол. Ма не е ни нијанса, ептен се слични.