Најчесто ставам праска боја, сјај не обожавам, па гледам да не биде сув и да ја хидратира устата. Немам ништо против црвен, и ми е секси али не стои на секој и незнае да го става секој! Според мене кога ке ставиш црвен кармин, акцентот паѓа на усните и само на усните, а не да бидеш како даркерка во очите со еден тон креон и уште еден тон маскара и сенка, па и уште руменило, право за на маскенбал! Со понежна шминка на очите, невино руменило и црвен кармин, мислам дека е топ.
па претежно нежно розова,кафеава.кремав а сега почнав и нешто потемна розева боја за излегување а инаку предност давам на светлите нијанси
јас сум бринета но во летно време косата ми е поплава ...користам посветли нијанси на кармин бидејќи немам мн црн тен ..
Јас користам светли бои, темно кафените и лила ми се некако за жени во години. За секојдневно излегување на пазар или шетање преку ден користам кармин со кремава боја, праска, карамела, светло розева, светло кафен, додека пак за вечерно излегување ставам црвен или циклама(не многу дречлив), за специјални пригоди и од оние со светки. Секогаш над карминот ставам безбоен сјај.
ми се допаѓа овој на вториве усни карминов многу е убава боичката и јас обожавам такви бои да не е од авон?????Што мислите имам кафеави очи она потемни и кафеава коса не ми е ни темна ни светла убава боичка природна,светол тен ...па ме интересира што вие мислите кои бои на кармин или сиај би ми одговарале и кои бои на сенки или моливчина за очи баш сакав да пробам со темно плаво моливче за очи да видам како ќе ми стои поззззз
Јас за вечерно излегување порано ставав светло розав нешто сличен на втората слика (а инаку многу ми се допадна ако знае некој да ми каже од кај е ), но сега почесто ставам црвен од тие што се руби црвени нијанси. Многу сега ми е поубав црвениот, изгледа поженствено од розавиот кој изгледаше по нежно. А инаку за преку ден ретко ставам кармин, а ако ставам тоа е најчесто боја на праска, најубав ми е за дневна комбинација. Инаку само сјајче!
оваа боја и кармин на гош се прекрасни го користам веќе подолго време стои како да е мат ама е со сјај
Користам темно розев за вечерни излагања, мислам дека црвен кармен не стои убаво на бринети како што стои на плавуши и црнокоси
За преку ден,за на кафе,за на фак ваков: а за навечер за викенд вака.....во последно време ептен го носам многу убаво ми изгледа бидејќи и ми е црна косата...точно како на сликата на аватарот:
Исклучиво вакви нијанси,затоа што оние црвени,циклама,бордо,лилави,розеви усни ми се смешни и кога ќе видам девојка така нашминкана ми е премногу нападно,кловновски и непривлечно.Што знам...без везе. Само што не можам сеуште да го пронајдам совршениот,затоа што специфична е бојата,па се пика на наборите на усните или не прекрива доволно.
Јас сум бринета и мене лично (и според косата, и според тенот и бојата на очите) ми стојат сите нијанси на кафена боја (од најсветла до најтемна), темна розова, црвена, боја на винo-нешто измеѓу розова и црвена. Мене лично розовите нијанси на кармини не ми стојат убаво.
Лилит не знам дали ги имаш на Гош пробано сјаевите за уста. Јас користам на Гош е баш ваква нијанса и сум презадоволна. Многу убава густина имаат, а не се лепливи, и не се бришат како другите сјаеви за 10 минути.