Девојки, за сликање на табло, што мислите каков кармин да ставам? Т.е ке одам на шминкер но незнам каков да и кажам на шминкерката... само немојте nude нијанса зш како мртовец некој си мислам дека ке сум... значи тоа отпаѓа. А не сакам ни црвен жар бидејки мислам дека ке биде пренападно... ?! Мислење...?
Мене ми стигна пред некој ден карминчево на Орифлејм: Преубава боичка, нешто како розево ама nude pink, баш ваква боја си барав веќе извесен период. Трајност задоволителна, 149 денари. Фала до Mishela, што ми го препорача.
Прашај ја шминкерката за совет. Сигурно ќе знае кој кармин би ти одговарал на тенот и на другата шминка. Можеш нежно/бледо црвен. Не е нападен, а баш фино стои. Јас таков носев кога се сликав пред некоја недела.
Си мислев за вака нешто но незнам дали ке ми стои а и немам дома портокалов кармин да пробам, имам средно темен тен и темна кафеаво накај црна коса...
Мислам дека бордо бојата е убава боја на кармин и дека многу стои, но тоа не значи дека другите бои на кармин не се убави
Работата е што сјај не користам... сакам кармин да е и тоа мат. До сега сум употребувала црвен и темно розеви кармини за ваков корален не сум сигурна... но ако се одлучам за него на очите само црна боја одговара? како можам да го искомбинирам, бидејки шминкерката ке ме праша прво дали имам некоја замисла или на нејзе да оствавам..а не сакам на нејзе да оставам бидејки за шминка сум многу скептична и ако не ми е по кеиф има да си пукнам од мака...
Лепа, ептен ми е мило штом си задоволна од карминот. Мајка ми си го беше присвоила мојот, ама уредно си го вратив во несесерот за да си го дотрошам. Па дури доаѓа си го бара, ептен бил нежен. А за табло, јас лично не сум за сликање со такви „тешки“ нијанси на кармини, па колку и да имате блед или темен тен и колку и да ви одговараат таквите. Имаше кај нас неколку кои имаа ставено портокалов, црвен, па и бордо кармин, ама мене лично одвратни ми се и мислам дека треба да се оди со нешто понежно и по не толку нападно. Сепак табло е, не е фотосесија за лична колекција. Јас си ставив лабело, Нивеа Витамин шејк - пушта розеникава боја и преубаво испадна на слика со блицовите и салтанатите. Ептен си се допаѓам на сликата, прва е, така да ја наречам официјална што си ја свиѓам.
За табло зависи каков ти е тенот, какви ти се очите и дали планираш да се шминкаш премногу и што ќе носиш. А без тие податоци би ти препорачала: 5-ти ред 5-та или 6-та нијанса Спојлер Но гледај да бидат токму такви бидејќи се повеќе од тоа ќе стои премногу нападно. Вака мое не изгледаат убаво но кога ќе се стави ваков кармин на усните изгледа симпатично (пак ќе напоменам, со оглед на тенот!)
Карминот што го има ставено Лепа е преубав, барем на слика. Мислам дека убаво би стоело за табло, ако и во живо бојата е таква. Инаку за табло највеќе што мразам е сјај на усните. Ми го одзема вниманието од сликата и постојано имам чуство да земам марамица и да го позабришам.
LANCOME 302 бројче, ептен убав Спојлер Jас го добив со римелче, во Mини верзија, и од двете презадоволна, да не пишувам сега и во Mаскара
Каде ги има Kate Moss карминчињата од Rimmel (во црна опаковка)? Во DM ги нема, во Cosmo имаше само 3 бројчиња. Во Unique можеби?
Јас пред 3 недели бев во Јуник и купив од карминчињата (со црвена опаковка) , но како да видов дека има и од тие со црна опаковка (не ме држи за збор ) како и да е можеш да провериш ,сепак имаше многу повеке избор отколку во Космо
Окси, и јас ги гледав во Јуник пред некое време на Кејт Мос карминчињата и со црна и со црвена опаковка, само не знам дали се погодил таков периодот - не забележав голем избор од нив. Јас барав nude нијанса некоја, ама како за беља немаше, него само црвена и некои нејзини мутави нијанси. И мене ми треба, ако некој забележал дека го има карминчето со нјуд боја, нека ме извести. Мене во Јуник искрено не ми се влегува нешто многу, многу. Ако треба да купам нешто по брза постапка тоа го правам - земам, плаќам и искачам.
А ваква боја? Незнам дали е до тоа што девојкава го носи ама бојава ми е http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=avrkkXmwlAg#!