http://www.pearlsandpoodles.com/2013/02 ... ticks.html http://www.mypinktasticlife.com/2013/01 ... stick.html овде има убави боички , има слики како седат и на усна па види дали ке најдеш нешто слично на тоа ти што го бараш
На гош е карминот имам пишано број Burgundy 154 го земам од Космо мислам, а имаше и попуст до пред некое време на карминитие по 190-220 денари беа. Разгледај, на многу места го има Гош, цената варира секаде различно е до 300 денари.
Јас во последно врем сакам потемни нијанси на кармини, овие си ги купив последни Како ви се допаѓаат и какви други даси купам со оглед на тоа дека сум бринета и имам кафеаво-зелени очи?
Имам темна коса, зелени очи и светол тен. Дали ќе ми личи темна боја на кармин? Си најдов еден темно црвен, мава малку накај кафеав, ама сестра ми вика дека не ми личел бидејќи сум со светла боја на кожата.
Женски дај препорачајте ми некои карминчиња во дреч нијанси пр дреч розево дреч портокалово може некои од голден роуз пошто сум задоволна од нив имав порано користено ама подискретни нијанси а и цената им е достапна така да кажете некое бројче на кармин може и сликичка и цена,а може и од друга марка немора само од голден роуз ми се даваат до кај 200ден по што планирам повеќе да си изнакупам а не само еден фала однапред
Еве јас го имам овој: Дреч портокалов, на Голден Роуз, за мене е прехрабар, но ете таква ти е желбата. Бројче: 128
Предлог на марка на кармин ама така потраен да е до 350 преку сила 400 денари со нежно розе и нежно лила боја
Големо фала до феминката која ми кажа да си земам карминче од Мејбилајн тие со портокалово капаче презадоволна сум многу се долготрајни и нијансите им се преубави сеа земав бр 910 еве слика
Не можам да го најдам на нет,го препорачувам бројчето 911 на Мејбилајн,210 ден,oд ДМ .Интересно,на темно мава на капучино,а денски нежно розе. Трајност совршена,дури потраен е од оние 450 ден .што се. Значи го ставам во 10часот,одам на доручек,потоа на кафе,се вратив во 16 часот и сеуште имав кармин ,тоа чудо некое Мрсен е и има убав мирис
Девојки ај препорачајте ми циклама карминче, до 200 денари максимум. Сакам боја, како на Rainbow никот што е. Баш таква!
Марамке, да не мислеше 57? Тоа ми е некако баш како што барам иако лично јас не сум задоволна од Голден Роуз камините не ми се хидрантни ич. Еве ги боите, а ако можиш ти пратими сликичка да видам како стои 56ката.
Lepa,неможам да најдам сликиче провери во ДМ на S-he,oколу 150 ден,број 020.Изгледа потемно,ама кога ќе се нанесе права циклама е Eве и 110ка е нијанса понежно
Лепа, јас сум речиси сигурна дека вчера во Космо налетав на ваква жарка циклама нијанса карминче од Римел. Не видов бројче за жал, ако не заборавам ќе проверам. Мислам дека станува збор за ова. Спојлер Не можам ниту да му ја прогуглам нијансата, знам дека има една 05 ама е малце посуптилна и некако повеќе мава на црвенкасто ако не се лажам, оваа е далеку пожива. П.С. Мојата следна мета - Kate Moss collection, 03.