Користам многу бледи нијанси, очите ми се секогаш драматични, со црна сенка, многу моливче или туш, па сакам усните да ми се ненападни. Многу сум задоволна од Golden Rose кармините, убави, евтини и трајни, посебно од овие две нијанси, сега пак купив бр. 98 и 99 Оваа црвена нијанса, ја носам многу ретко, иако ми стои убаво на косата и тенот. бр. 120 Секогаш сум во потрага по нежни , убави нијанси на сјајчиња, ама сум терсене, сакам да се со убав мирис, да не лепат премногу, а да се трајни, лесни, просто убави... Досега без многу среќа. Bи ги препорачала овие новите на Импала, некако се најблиску до тоа што го барам... Имаат убави нијанси и фини четкички. http://www.impalacosmetics.com/index.ph ... bg#g_138_0
Гош никогаш не сум употребувала,а видиш,сега се запрашав и зошто?! Ај пиши ми го бројчето или името на овој и цената,уште утре ќе го барам. Нјуд лукот на усните ми е омилен,особен затоа што и јас како Трендафилка секогаш имам силно нашминкани очи,а и онака,за преку ден,некако најубаво ми изгледа,неутрално се,со малку руменило.
^ Мене ме бендисуваат тие на Гош што имаат светло кога ќе се отвори сјајчето. Многу корисно Колку чинат баш тие знае некој?
На пакувањето пишува Gosh, Lip Gloss, од другата страна на француски Brillant a levres. Ги има во Јуник, а цената не ја памтам точно Нијансата што ја користам е 004, скоро проѕирна со кремав сјај. Тие потемните нијанси делуваат и баш како карминчиња, само добра подлога да им ставиш. Трендафилка, другарка имаше таков за матура купено. Кога го извади од ташна сред дикотека мислев вонземјанин вади. Сијаличката или што и да е, демек за да гледаш во темница каде ставаш со четкичката, изум прав! Цена не знам колку држи.
Вакви по ѓаволите Лилит - ѓаол жено! Претпоследните LIGHT 'N SHINE LIP GLAZE http://goshamericas.com/lips.asp
Трендафилка и јас сум задоволна од Golden Rose кармините јас го имам бр.60 бледо розе е исто,ама мене скоро секој кармин ми се собира на долната усна после некое време,па сега прво ставам лабело од Nivea-essential care,па го отстранувам така овој несакан „ефект„.
Овој 010 мислам дека би ми одговарал,овој 004 се плашам да не биде ептен проѕирен,затоа што немам баш бледникави усни за да биде доволен да покрие,напротив.Па кога ќе ставам лабело или сјај,ама не знам зошто уште повеќе ми стануваат розеви.Имам пробувано и со пудра да ги обледам малце,ама ништо не ми успева.
Па отприлика баш така е, хехехехе.. Јас го имав првото сјајче со бисерна нијанса, ама ми се потроши. После него го купив ова второто по ред црвено со циклама светки, ама еве ми го уште дома, ретко го ставам, дури и батеријата ми се потроши Инаку за сијаличката, многу е штосна бидејќи кога си во темна просторија (пр. ноќен клуб, дискотека што и да е) и сакаш да ставиш сјајче, не мора да одиш во WC бидејќи над четката има сијаличка на батерии, а на едната страна сјајчето има огледалце. Ептен е практично Јас имам многу смешна дешавка со првиот сјај што го купив. Бев излезена со тогашниот дечко, моја најдобра другарка и нејзиниот дечко, и кога на сред дискотека го извадив да си ставам, сите тројца од памет се извадија заради светлото хааххаххахаха Инаку мислам дека цената му беше околу 400-500 денари П.С. ОДЛИЧНО СТОИ, ПРЕУБАВО МИРИСА, ДОЛГО ТРАЕ И МНОГУ УБАВО ИЗГЛЕДА НА СЛИКИ - ТОПЛО ВИ ГО ПРЕПОРАЧУВАМ
Најмногу сакам неутрални нијанси, мене најубаво ми стојат. Нешто не толку впечатливо Сакам сјајчиња кои се безбојни, во боја на праска или во светло розевка нијанса со светки А од карминчињата имам еден кармин во неутрална боја која е само 1 тон потемен од бојата на мојата усна и најмногу си го сакам Комбиниран со било кој сјај изгледа совршено!
Скоро никогаш не користам кармин, а кога користам ,што е многу ретко скоро 3 пати во месец, ставам црвен. Обожавам црвен, ама не е за секојдневно.. не иде во школо со црвен кармин да одам
Јас сум задоволна од кармините на Голден Роус, имам две нијанси и супер ми се . Ама сакам сега нешто понеутрално за табло сликата да нанесам, може да ми препорачате некоја понеутрална нијанса ..не сакам да се сликам со јак кармин
Каринке, 104ката, розевко-праскеста-нуд нијанса , со едно нанесување мене ми е прекрасна нијанса, побледа, поприродна ама обележана усна
Такбо нешто ми треба , нешто розе ама не многу дреч. Дека ние се сликаме со морнарска блуза, бела со тегет линии од Калиопе е купена може и ја видел некој Сите собиравме пари со исто се сликаме ние, ама другарка една што и се фатило земала и сеа мора со таа да се сликаме Па така да не одговара некој јак кармин, нешто неутрално си барам и сјајче малце одозгора..