Неодамна го купив Maybelline Color Sensational карминот во јака розева нијанса Fuchsia Flash и е еден од најдобрите кармини што сум ги користела. Не се каам за парите ама ич!!!!! Хидрирачки е, дава убав сјај, убава боја со едно ставање. Е сега цела вечер не трае, ама не се ни вади од одма, така средна трајност има... Има почесно место на масичето, да си го гледам цело време (додека не ми збогтиса)...
Женски, црвен кармин со син подтон? Бринета сум, со средно кафено/чоколадна коса и сини очи, а обичен црвен не ми стои. Нешто вака : Спојлер
Го имам овој од Орифлејм и задоволна сум.На почетокот кога ке го ставиш малку пецка ама после имаш чувство дека немаш кармин а и доста е траен
Маца, пробај го Maybelline Color Sensation (црвеното пакување). Барај ја нијансата (on) Fire red - иста таква црвена каква што бараш. Бројчето беше 800 и некое (прогуглај го, мислам мора да има слики) Jaс сум доста задоволна од овие. Немам црвена нијанса, но сепак станува збор за серија квалитетни кармини. Не се сеќавам на цената, од поодамна ми е купен, ама го има низ парфимериите секако.
Најчесто користам розеви нијанси на кармин,пастелно розе или пак темно никако дречливо,и корлна боја обожавам особено на лето!
Сакам да си купам кармин што трае подолго или темно лилаков или темно црвен(вишна боја) Ако некој знае бројче нека ми пише или нека стави слика Фалаа
Виолетов - Rimmel 04. Јас го пробав одамна, ама дефинитивно не ми прилега воопшто. Чини 200 денари, скоро во сите парфимерии. Убава вишна нијанса ти е исто на Rimmel - бројче 11 или барај го Revlon 477 (покрај тој на Gosh кој го имам, ова е дефинитивно мојот омилен во оваа нијанса). Предолготраен е, преубава мат нијанса, не знам дали да го наречам мана тоа што тешко се вади. Не знам колку го купив, поскап беше од кармините на Римел дефинитивно.
Си ги земав овие две нијанси 58 и 98 од Голден Роуз, боите се баш вакви како на сликите. На нет прочитав дека 98 е како верна копија на MAC Creme ‘d Nude. Цена 100 ден. Golden Rose No 58 Golden Rose No 98 Golden Rose No 73
Маца и нијансата 547 од истиве кармини е црвена со син под тон, јас го користам со години. Околу 400 денари се, но навистина е многу траен, цела вечер ми стои без да се размачкува и избледува. Мене ми е најквалитетен кармин што сум го користела, многу подобри се од Лореал, Гош, Дебора и останатите од таа класа.
Нијанса на вакво карминче? Додуше повеќе ми делува на сјајче ама сакам вакво нешто нежно за преку ден. Го глеам тој од авон некоја страна наназад постиран, ама немам од кај да нарачам.
Јас имам ваков, повеќе личи на сјај отколку на кармин, но баш е траен и не лепи - нормално. Од истата колекција на Мејбилин што ја спомнав порано, 025 pink please. Онака за преку ден како што сакаш, прекрасен е.
пак јас, ама гледајќи ги видеава на јутуб, ми текна дека едно време си имав пишано во темава ама не си ја најдов нијансата. Сакам црвен кармин ама со топол подтон, е ист ваков како на девојкава од видеово ако ми предложи некоја ја частам http://www.youtube.com/watch?v=6GdLCDmcxUQ
Симонче, јас имам пишувано доста за таква црвено-портокалова нијанса на кармин, станува збор за Rimmel 214, firecracker. Прекрасен е карминот, штом јас која бев најголем поборник против црвениот кармин се навлеков на него, замисли колку треба да е добар. Нијансата е бонбона. За други фирми со вакви нијанси не знам, сигурно ги има уште многу, но за оваа гарантирам дека е така. На слики изгледа некако позагасита бојата, но најверојатно ефектите си го прават своето. Во живо е нешто пожива бојата, ама нијансата е таа.
Ау Мишелке не! Многу е грда бојава, го имам истото карминче дома, се зезнав го пробав на рака во космо бојата ми се засвиѓа ама кога дојдов дома и го пробав на уста катастрофа. Така ми е, кога ми е гадно тестери да пробувам на уста Не е бојата ни приближно ваква , а и не ми одговара со тенот нијансата. Баш вчера се жалевме по лп со една феминка од карминчево. Мене па многу ми е грда нијансата, а на интернт како убаво ја претставуваат бојата