Леле, мене пак обратно. Толку ми беше гадна и портокалова на слики, ама сакав да видам како ми стои и навистина не знам каков тен имаш, ама јас како што сум бледа и плава многу си се допаѓам како ми стои, ме „отвара“ и ми дава свежина па може до тоа да е, што знам. Имаше нијанса на Ревлон, мислам дека ја спомнав поназад - black cherry, 477 Ама напоменувам дека ист случај е како со претходната нијанса што ја зборевме со Симонче - мене лично чудно ми делува кога бледа девојка има нанесено појак кармин, ми се допаѓа тој благ вамп изглед, но ефектот на карминот не ми се допадна воопшто на другарка која е плава, но исончана. Пробајте си од тестер на усните, ако ви е шубе да нанесувате од тестерот побарајте си апликаторче или понесете си во краен случај, па купувајте зашто ете, факт е дека не стои на секоја исто.
Последно си го купив од Мода велвет липстик кармините во црно паковање бр. 120. Не користам светли нјуд нијанси, но оваа ми се допадна, па ако ви треба такво карминче проверете го. цената е 100 ден.
незнам дали до сега имате постирано, ама странава ми се гледа како доста корисна, за да се избере нијанса, а и карминиве се доста користени и не се скапи, еве ја палетата http://www.make-upwinkel.eu/golden-rose ... -8509.html
Пак јас во темава со моите досадни прашања. Али искрено од тестери по парфимерии ми се гади,ама најискерно и така да ми е гадно да пробам,а ако им побарам апликаторче за да нанесам од карминов веднаш продавачкиве ми се степуваат што ќе ти е еве ти цел кармин нанесувај колку сакаш ме интересира вакава боја на кармин дали стои на бледи девојки,имам црна коса, и ептен бел тен. Па фала ако некој ми одговорите.И извинете
Aна, мене лично многу ми се допаѓа како стојат темните кармини на девојки со блед тен, без разлика дали се црнки или русокоси. Многу го сакам тој благ вамп ефект, не знам зошто, но ми делува многу елегантно, суптилно и софистицирано, нормално - со некоја складна комбинација. Оваа која си ја постирала ти е дури и нешто посветла од тие кои ги поставив во споилер, но во секој случај мене ми се допаѓа како би стоела. Но, џабе е ако тебе не ти се допаѓа како ти стои, затоа види си што и како. Спојлер И ако не ви даваат апликаторче или не сакаат да ви услужат, носете си во ташна, штом се плашите дека можеби ќе ја погрешите нијансата или се двоумите дали ќе ви стои исто на уста како што сте замислиле, а притоа не сакаат да ве услужат. Јас скоро секогаш си носам мини несесер во ташна, ми се наоѓа или мало четкиче за кармин или неупотребен апликатор, па ми послужува. До сега никоја вработена не ми замерила, ниту пак ме погледнала онака коцкесто и сумничаво, нема зошто да им пречи.
Ама Мишелке што ми менува апликаторот, кога и така и така некоја пред мене го пробувала карминот на уста. Дали ке ставам дирекно или со апликатор карминот е тој. Јас кармини не си менувам со мајка ми, не па со некоја непозната. Секогаш ги бирам од око или на рака, ама ете тоа тогаш со римел карминчето ми беше прва утка. И кога одам да ме шминкаат, маскара, моливче и кармин си носам мои.
^ Абе финта, јас го пуштам карминот до крај, си земам од карминот од страна, од таму никоја не нанесувала пред мене. E сега, ако е ептен на крај и нема што да се попушти, останува опцијата да бираш од око или да се откажеш.
Презадоволна од карминов. Има прекрасен мирис,од бојата и трајноста сум изненадена Цената е 50 денари. Боја Изглед
Сакам да си купам долготраен кармин за навечер, но не знам који нијанси би одговарале на светла боја на кожа, кафени очи и кафена коса. Помош?
Нема врска бојата на очи, до некаде, дури ниту бојата на коса колку што е важен тенот. Црвениот кармин на пример стои подеднакво убаво и на плавуши и на црнки, но прашањето е како ќе го вметнат во целокупниот изглед за да не делува нападно или евтино. Па и не само црвениот, тоа важи и за сите кармини - фамозните нуде кај некои изгледаат смешно, кај некои перфектно. Ова ќе ти помогне, т.е. би требало.