Периодов ги пробав овие две карминчиња. Првиот е Yves Rocher Framboise Sorbet Бојата е преубава, некако природна. Трајноста е средна, не е нешто посебно но трае Вториот е Colortrend Poppy Love Преубава светло црвена боја со само 2 нанесувања. Трајноста и кај овој е исто така задоволителна. На сликата е првиот.
Беше гратис со црвената маскара. Нијансата е преубава, ама многу е сув, едвај ставив дури крв ми потече од усните додека нанесував. Пробав после со лабело како подлога, па после од карминот, ама така не пушташе боја. Какви се вашите искуства со овие кармини, ги имате ли користено?
Јас имам од овие еден во силна црвена боја, трета година мислам му терам и совршен е, ем траен ем многу ми прија на уста, дури и помека ми ја прави. Мене ми мисли овој делот ’бил гратис’, јас дигнав раце од такви промоции, речиси секогаш ставаат стара роба или со некоја фалинка. Ако ти се допаѓа бојата и си спремна да експериментираш можеш да пробаш да го стопиш на пареа и да му ставил малку вазелин, па после да го вратиш во опаковката и да го оставиш да се стврдне. Или некое масло ако немаш вазелин, кокосово е одлично за омекнување.
Сесилија јас со некои кармини имам проблем кога се нови, како горе да имаат некој слој па не пуштаат. Пробај со палома да остраниш мал дел од горе, па ваљда ќе стане помек.
Дефинитивно Тајгерлејди е во право, и јас го имам истиов, т.е 550 бројче, некоја црвена-кафена боја специфична е ама убав кармин, јас од лани го имам и е навистина мек и убаво се нанесува. Сеска дефинитивно пробај да го омекнеш, дали на пареа, дали во зима на парно да го ставиш или не знам како, зашто навистина трајни кармини имаат мејбелин со одлична хидратација и баш не е сув баш е доволно хидратантен.
Каде да го најдам black cherry, 477 на Ревлон, Мишела што го има постирано претходно?! Ја пратив мајка ми у Космо и сличните, јас немав време да отидам, не го нашла никаде. Ќе си умрам, нијансата му е одлична, а нешто слично не можам да најдам, или е претемно - или е пресветло.
Јас имам една нијанса моментално дома од Мејбилајн 148 summer pink , но немам ваков проблем. Карминот е хидрадантен лесно се нанесува не е ниту сув ниту мек..претходно имав слична нкјанса на твојот и од него бев задоволна , види дали има некоја дата случајно стар да не е. Кога нешто е гратис и мене секогаш ми е сумљиво, ги даваат гратис тие производи што нема да им се продадат
Не би знаела да ти кажам каде конкретно да бараш низ Скопје, затоа што јас го купив од локална парфимерија нешто налик на Космо - на Струмичанки сигурно им е позната парфимеријата Диор (Мачук или како и да е „прекрстена“ сега) Провери во Шатци, Еликсир, мислам мора сигурно да го има зашто колекцијава ја има и кај нас. Ако не го најдеш, нешто „послаба“ верзија на овој е Gosh, 154 burgundy. Имаат речиси иста структура, само што онаа на Revlon-от е нешто подобра во однос на трајноста и издржливоста, а Gosh е супер-хидратантен (но не и претечен како дотичниот 134 darling), но сепак не се разлева толку низ порите на усните иако со другите кармини имав таков случај, посебно со оние бежово-кафеавите нијанси. Gosh е 265 ден. во Космо колку што се сеќавам, а Revlon го зедов мислам 280 или 300 од онаа гореспоменатата (не се сеќавам точно). Задоволна сум и од двата, така да, ако не си го нашла Revlon и немој многу да се мислиш за овој другиов. Еве како изгледа. П.С. Има и друг под истото име „burgundy“, ама пресветол е. Ако се одлучиш за овој, барај го строго под бројче 154, зашто другото е њет-њет.
Мене за црвена боја најубави ми се кармините од авон т.е од колор тренд,и не се скапи ама убави се,трае бојата и не се вади лесно
Прашувам за да имам уште неколку информации бидеќи во мојот град се слабо снабдени со козметиката, па да не ме гледа на криво продавачката, као прв пат слушам за ова.
Да не знаете бројче на ваква или приближно иста боја на кармин,од производи кои се на располагање на нашиот пазар. Премногу ми се допаѓа