Презадоволна сум од кармите на Еveline Aqva platinum мислам на оние во црна опаковка што се не во златна опаковка, ги имам дома 4,5 има убави бои, а во однос на трајноста се изненадив, 140 ден се во однос на цената се суперишка , а и доволно хидратантни ја омекнуваат устата :up:
од овие има "месо боја" и нежно портокаловка?? Pupa Сте ги користеле? да не знаете слиучајно цена..?..каде можам да ги најдам
Јас се уште не си најдов убава нијанса на темен, бордо кармин, ама за сметка на тоа, си купив пред некое време убаво темно виолетово карминче на Maybelline - некоја plum нијанса. Хидратантно, долготрајно, со перфектна боја. Засега омилено: Maybelline - color sensational - midnight plum 388
Имам видено Pupa козметика мислам во Шатци и ако не се лажам во една парфимерија Рима во Бисер. Кај ги наоѓате ствариве од Eveline, ни во ДМ немам видено, ни во Космо, ни во Јуник, само гелови и креми за лице имам видено, кармини пудри... јок.
Јас сум задоволна од кармините на Голден Роуз,за трајност неможам да ви кажам бидејки постојано ја лижам устата а со тоа го бришам и карминот.Има преубави боички и не се скапи Јас имам ваков,баш ваква боја и убаво изледа на устата
Вчера ми пристигна од Ибеј - NYX soft matte lip cream ја земав нијансата Milan ( од сликата бр. 11 ) Бојата е преубава , розева , презадоволна сум и од издржливоста, буквално пола ден ми стоеше на устата , а во меѓувреме и пиев и јадев и не се избриша за да пред спиење морав јас со влажни марамчиња да се бришам исто така и мирисот е преубав ми доаѓа да го изедам морам да кажам и дека се многу евтини , јас го земав 6 евра
Maybelline бројче 960, Must Have Mauve Artdeco High Performance Lipstick 482, Damask Rose Првиот е околу 400 денари, а трајноста на Мејбелин им е и повеќе од задоволителна. Јас го имам овој на Артдеко, баш во оваа mauve нијанса 482 и можам да кажам дека сум презадоволна. Совршен е, квалитетен, многу долготраен и доволен е само еден слој за да се добие правата боја. Овој на Артдеко е 690 денари, ама вреди за секој денар, верувај ми Сепак, ако бараш поевтина варијанта, а да е сепак квалитетен, тогаш со Мејбелин нема да згрешиш
Некој што не остава траги и е долготраен? Некоја слична нијанса си барам, но да сум раат дека нема да го напраам лом другиот
Баш овој на Ревлон што си го постирала го има во Космо, само не знам која нијанса е. Мат е, ама ептен мат Имам ист ваков Ревлон кармин во nude нијанса и како ќе го ставиш, се суши на уста и нема шанси да го извадиш после Многу долго стои, буквално цел ден, дури треба да триеш со влажно марамче за да го извадиш, што значи и дека не се пренесува на други лица или врз облека Ич не знам колку му беше цената, мојот одамна ми е купен. Чинам Коритсаки имаше постирано некаде во темава дека има земено баш ваков розов мат кармин од Ревлон, мислам дури и дека истиов беше
Значи као сум се разочарала од линијава Caresse кармини на Лореал, страшно нешто... Ќе си гризнам од газот што сум брзоплета! Имам афинитети у последно време кон чудни нијанси на виолетови карминчиња , и у дефицит на избор од нијанси кај нас - ми се виде ова на Лореал убаво, со темна изразита виолетова нијанса - баш каква што имав на ум замисла, и си викам да го пробам. На тестерче го пробав, одлично беше у тие неколку 2,3 минути додека ми стоеше на уста, и си викам ај ќе го земам, кој знае дали воопшто ќе најдам нешто слично. Ужасно, луѓе, УЖАСНО! Кидс, ду нот бај дис! Пред излегување од дома го ставив на мене, по 10 минути почна да се растекува од страните и бев во устата како кловн од хорор филм - што досега не ми се случило со ниту еден друг кармин, почна брзо да бледнее и на мене остана само бледа виолетова чудна боја, почна да ме пецка устата, ми се исуши устата, и што ли уште не. L'Oreal Rouge Caresse Lipstick 203 Rock'N Mauve own:
Луѓе бре,дај помагајте. Подолго време барам nude(една нијанса до две потемна од усатата) карминче зошто најчесто очите со црн креон ги шминкам,па да не биде нападно.. .Земав едно,многу ми е розево.Друго па кафено. Ајде светлете ме што да чинам,да не е само многу скапо.Од тие новите на Есенс што ги фалевте има ли? Или какво друго? Заблагодарувам.