Види го 05 од оние црните пакувања на Есенс кармините. Мислам дека ќе ти се допадне, многу е убав карминот.
Од Аура има едни минијатурни карминчиња, број 90, 145 денари, во Космо. Кремасто, баш nudе. Амбалажата е малечка, но супер карминче. Тестерот делува потемно отколку што навистина е, но на усни е ептен светло и нежно, и плус дава чувство како лабело да имаш, не е таков тежок кармин во права смисла на зборот...
обожавамммм црвен кармин.кармин со боја на праска,нежно розово...иии...бордото ми е незаменлив.. Спојлер црвениот кармин ептен убаво стои на плавуши
Баш денес си купив нешто слично на ова, инаку користам појаки нијанси на розево, праска (имаше една преубава нијанса од Орифлејм, веќе ја нема), вишна, па некогаш дури и баш црвен, имам еден куп нијанси дома и си менувам во зависност од расположение. Непоправлива сум кога станува збор за купување нови кармини, иако ги имам еден куп.
Си имам едно со праска боја, ама и накај nude повеќе оди. Одлично ми е за преку ден, затоа што сјаеви не користам веќе и ова многу убаво стои. А другите се повеќе црвени нијанси, wine red и сл. Обожавам такви нијанси ама повеќе за навечер ги ставам, ептен ретко преку ден.
Вакво сјајче или карминче? Не ја љубам многу многу оваа Анастасија,ама тука ми е совршена и коса и фаца и шминка а посебно карминчето. Знам дека има постирано наназад вакви нијансаи ама не се исти, го имам и на гош 134, и на римел 240, и на голден роуз неколку, есенс, ама не е тоа тоа. Предлог?
Имаш многу предлози за бојава. И бројче, и марка и цена, и слики и се. Врати се наназад и побарај, или пиши си горе во тоа полето burgundy ке ти излезат сите мислења.
Вакво си нарачав во каталог 15 на АВОН. Има две нијасни на карминчиња, вакво и едно потемно и се 69 денари.
А каде точно го има овој на Лореал, вториот? Серијава јас ја немам затекнато у последниов период, а баш ми се допаѓа.
ти стигна?? дека јас го имам нарачано од пред околку 1 год. ама си седи така премногу е светол...еве слика како стои на уста http://www.pinkmelon.de/wp-content/uplo ... _teas1.jpg