Овој не е таква нијанса..многу е интересна нијансата. Во каталогот има како стои на уста..но каталогот се уште не е активен на интернет. Кога ќе го стават каталогот ке ставам слика од целата понуда
Женски ми треба помош малку Каде да најдам ваква боја на кармин (ако знаете марка и бројче) само да е траен... да не е од оние што се бришат за брзо време. Старосватица сум и ке ми треба да ми трае некои 8-10 часа П.С REVLON кармин кај можам да најдам???
Revlon кармини имаш во Космо, Шатци, Еликсир, Јуник и во сите вака подобро снабдени парфимерии. Инаку, тоа од сликата не е само кармин, врз карминот има нанесено сјај, затоа што колку и да е хидратантен карминот, никогаш не се добива ваков „воден“ ефект. Да пишам и тука, кога веќе ми тргна со акциите - во Космо имате намаление на кармините на Rimmel од Кејт Мос колекцијата, чинат 151 денар. Не знам што избор на бои има затоа што не видов, само на помин бев откај штандот на Rimmel.
Пред некое време си порачав карминче од орифлејм и еве денеска ми стигна.За 100 денари не очекував никакви посеби резултати,ама карминчево е прекрасно.Трајно,одлична боја и одлична структура. Веднаш се сликнав да видам како изгледа на уста и од каталогот - огромна разлика.Во каталогот изгледа многу темно и има кафеав под тон а кога ке го ставиш на уста дава убава розева боја
Може ли да ми препорачате розов квалитетен кармин, боја како на членкава над мене розовиот дел од лентата со цветчето? Незнам како да ја најдам бојава и тоа единственото блиску што можам.
http://www.flormar.com/English/urungost ... markaid=9# Би требало да ти се допадне, ова е таа нијанса на кармин инаку, а бројчето е D39.
Чини 256 денари во Космо, сигурно е тука некаде и низ другите дрогерии. Инаку, траен е и бојата му е доста интензивна и убава, но таква му е мека структурата и се разлева низ борите на усните. Не се разлева надвор од границите на усните, но се собира во борите. Мене ми е премногу драм карминов и кога ќе видам дека почнал да се дели, натапкувам со палома и нанесувам пак. Едноставно не можам да се откажам од него и ќе го сменам само тогаш кога ќе му најдам замена.
Сакаш да кажеш дека никаде ја нема серијава кај нас Лани зимото ја имаше во Космо и тоа баш имаше некое намаление па појдов по тоа и кога го видов доживеав љубов на прв поглед Колекцијава ја има и во Carrefour скоро заприметив дали го има таму тоа бр незнам провери.Деновиве треба да појдам натаму па ако не забаоравам ќе видам и ќе ви пишам
^ Во Космо! Епа девојки мои јас вчера бев и еве да ве известам за заинтересираните на L’Oreal Colour Riche Lipstick го има во Космо и во Дм цела серија (сега мошеби фали некое бројче знаете колку се ашурни кај нас и колку ретко ги полнат палетите,ама веќином ги има ) Јас си се подновив со L’Oreal Colour Riche Lipstick 376 баш ми фалеше ваква нијанса за посебни прилики (долго барана нијанса која одговара на мојот пддтон) и 257 за секој ден (оваа вторав сум ја користела оддамна и само се спремав кога ќе ја купам за мојов тен е совршена боја.мене ми се совршена текстура и доста се пигментирани . Срце јуначно неможеше да издржи па си земав од попустиве на Кате на Римел док има Ко да не сум видела пустата ама ептен ќејф си направив и цел ден се шлапкав живи радости! Еве ви сликче А да и да не заборавам цената им е 735 ден.
Барам кармин во месо боја но да има розови нијанси, нешто измегу да биде. Купив на Голден Роуз бр.98 ама не ми е погоден баш, ептен ми е она месо боја. Некој предлог? Може и од Г. Роуз да е..
^ Gosh, 134. Некоја бежово-розова нијанса е и за парите може ќе најдеш нешто подобро ама со розов подтон јас не сум нашла, само овој ми е во колекцијата засега. Чини 265 ден. но, побарај низ кармините на Мејбилин сиурно има зашто јас имам таква нијанса но со светки е, не е мат карминот. А од Голден Роуз навистина не знам, оние нијанси 98, 99 ... тие бројки да ги разгледаш па може ќе најдеш таков сличен.
Јас си имам зачувано во лаптопот некои сликички од вакви карминчиња еве ако ти фати око, а нијансите се запишани на самите слики