Уф, можам да замислам колку е убава боичката. Баш таков и ми треба Кажи ми колку пари се Голден роуз карминчињата? Никогаш не сум користела Голден роуз кармин.
Jас ја користам таа нијанса, убаво стои, трк до парфимерија, спореди, и одбери си Мислам ќе ти се допадне. Еве и таа марама што ја кажа, спореди меѓу нив Мене од Голден роуз кармините ми нема подобри, едино од нив не ми пука устата, масни се таман. Е, да, 104кава е мат, не е седефаста нијанса Од 2000 колекцијата, во сиво пакување ама објаснав се бре, подвижен информатор Bitter-girl, зависи кај ќе ги најдеш, 70-80-најмногу 90 денари се, ефтинки ама убавки
Јас го имам користено број 141. Беше околу 70 ден.мислам, многу убава нежна розева боја, ама на уста не знам малку како залепено делува... може да се искомбинира малку со некое сјајче за посвежо и супер ќе дојде
Највише користам темно розеви и црвени нијанси.... Само што си го купив од Oriflame...Power Shine темно розевиот и презадоволна сум....
Го има ли некој пробано најновиот кармин на Гош коралниот број 145? Јас го гледав пред некој ден, незнам зошто ама некако ептен ме привлекува... Читав нешто на нет, викаат на изглед дека изгледа така по јако.. (може да се каже) а кога ке се нанесе е убава корална боја... не изгледа вака баш ко на сликава али ајт.. а инаку сликава успат ми излезе ааа преубав ееее леле извинете за големината на карминов незнаев дека е толкава сликата ахахах
Веќе подолго време користам Голден роуз кармини и ми одговараат ептен! Ефтини се и трајни, и плус си ја најдов нијансата која мене ми одговара! Го користам Голден роуз 109 Прекрасно стои, многу природно изгледа! Понекогаш овој кармин го мешам со друг црвен кармин и добивам ненападна црвена боја на усните! Поретко, за вечерно излегување знам да ставам и од овој Голден роуз 140 , па добивам усни во боја на вишна!
Користам црвен (класика) и розев (типично розев, нешто накај месо боја мешавина, барби-розев). Имам ставано и во други бои ама не ми е тоа-тоа
Црвена бре! Се знае тоа! Или ставам црвена боја на кармин, или воопшто не ставам све друго е лееејјммм
Користам скоро секакви бои и нијанси на кармин, но најубаво ми стои црвен, исто така и корална и некои розеви нијанси.
^ Маја, мислам дека тој што го спомнав јас, гошот е таков.. Не го пробав на мене, утре дефинитивно после школо ке одам.. Нов е од гош и баш некако пролетно-летен е, и ми се допадна, иако продавачката ми направи некоја кисела фаца, и рече нешто у стил дека не е убав, а јас тогаш незнам зошто се согласив без да го пробам, сепак потајно пак ме привлекува уте одам и го пробувам..него и уште неколку корални..сакам да си најдам еден розе и еден корален гош е тој, број 145
доколку на очите имам само црн туш без сенка секогаш на усните црвен кармин.. најубава комбинација инаку најчесто ставам месо боја
Зависи од тенот на лицето или пудрата што ја користиш..јас на пример имам природно бронзен тен...и доста често користам розев а убаво седи и црвен.....
Јас моментално користам вино боја на кармин .. така сум расположена , а и некако ми е најнеутрална не е ни многу бледа а не е ни многу јака.