Јас барам нешто вака Спојлер Често кога прашувам ми ја препорачуваат оваа нијанса, тоа ми е премногу накај црвено и светол ми е, не е тоа што барам сега, таков веќе имам дома Спојлер А ова ми е темно во однос на тоа што ми треба моментално, а и такви исто имам .. Спојлер Инаку исто сакам мат да биде карминот. Ако некој има кармин што одговара на нијансата што ја барам нека пише. Цена и фирма не се многу битни.
Сања, баш таква темна нијанса си барам. Значи ниту претемна да мава накај виолетово, ниту пак пресветла за да биде повеќе црвена отколку бордо. Баш таква, да кажам, трула вишња нијанса си имам замислено. За жал немам преку кој да нарачам од Авон или Орифлејм, но ќе барам низ парфимерии, се надевам ќе најдам. А ако случајно Карина си купи таков кармин, нека сподели бројче, марка.
Карина, мене првата слика и таа на госпожа Лана дел реј не ми се исти баш. Ова веќа мава на кафено мешано со малку црвено, а последното е скроз трета боја, виолетова ама темна. Можда оваа на Анушка е најсоодветна за таа што ти ја бараш, али имај и малку во обзир дека на сликиве игра малку игра и фотошоп, светлина, камера и итн, а првиот кармин ми е нешто специфичен од светло накај темно оди. Дефинитивно само не би ти ги препорачала ни на Класик ни на Голден Роуз пресуви ми се, боопшто не ми се хидратантни а сепак не се ни толку темни како што сакаш. Тој на гош бургунди 154 ми е нешто малку посвета нијанса од тоа што ти бараш, ама тоа е право бургунди, пурпурно оригинал. Али на секој различно му стои карминот, дали е до бојата на устата и кожата ама може и тоа да има улога. Пример на девојкава истов кармин и стои како да е нормална обична црвена, а лично мене ми стои сто пати поразлично и потемно. Еве ти линк со различни претемни бурунди,а ама кај нас нема ни една марка од овие http://www.youtube.com/watch?v=WO0CzryiLGs Тој што го носи на неа е совршен, темен претемен а сепак мава на бордо не на кафено... _ Туку Анчи ова на Римел и што пара e ако не ти е тешко да ми пишеш ?
На првата слика е слична боја со на Лана ама мислам дека е искористен трикот со малце камена пудра на средината на долната усна, па затоа е малце посветло во тој дел, зашто така усните изгледаат подебели и полни, а и се добива некој благ омбре ефект. Инаку тие слики најдобро ја опишуваа бојата што ја барам, првата повеќе од таа на Лана бојата, ама тука некаде се и двете, би ми одговарале. Сепак да се задржам на темава, пред малце бев во Космо и пак не најдов нијанса што барам
Иако сакав кармин како овој горе , испадна дека не ми стои убаво и си го купив овај од Голден Роуз и сум многу задоволна http://snag.gy/11hs2.jpg
Јас го имам, не е мат воопшто, од што свети - избегнувам и да ставам од него. Инаку, нијансата што ја имаш постирано на сликава - не е воопшто онаа реалната, него изгледа многу потемно тука ради светлото. Карминов има некоја виолетова нијанса, е скроз ваква: За да изгледа потемно, правев оптичка варка со црно моливче под него, инаку не ми се допаѓаше како ми стои само тој.
Не знам каква среќа ќе да беше, ама другарка ми си го купила оној кој (мислам дека) Марама го пофали од Голден Роуз - 70. Го пробав и јас на рака, мислам дека е баш таков како што бараме јас и Карина. Каков-таков, јас се решив да го земам, па на која ѝ фака окце, нека повели нека го проба. П.С. На онаа слика која ја постирав пред некоја страна, врска нема бојата под број 70. Карминот е баш ваков. На сликата која ја поставила Марама и не е доловен баш ефектот и затоа можеби посветол изгледа, но навистина е доста темен како сликата горе. Јас го купувам, а вие како сакате. Се изморив од барање совршена бургундец нијанса.
Нешто слично на ова што го барам е spectacular nude 18461 oriflame. Го имам дома и покатастрофа кармин не сум користела цел живот. Она као демек 3во 1, балсам, кармин и богзнаешто, е безвеза. Дали е дека не сакам никави светки, ама кога ќе нанесам, блештам! Кожата ми се суши по 2мин. од нанесувањето. Не ми помага ни балсам да ставам под него, ни ништо. Нијансата ми е ептен погодена, ама структура нула! Веројатно и го имате постирано бројчево некаде низ темава, ама сто страни, не би да кликам на секоја. Ако може некоја препорака до кај 350 ден. кремаста структура, и без светки. Ама никакви, ниту дискретни, ниту диско топка.
^ Ѕирни го ова на Gosh - velvet touch 134 darling. Без светки, без разни други тракатанци и ептен убава текстура има.