1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Боја на кармин

Дискусија во 'Лице' започната од mackice, 10 септември 2010.

  1. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    ;) ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      6,1 KB
      Прегледи:
      661
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.589
    Допаѓања:
    8.299
    Пол:
    Женски
    Карина и Мишела и сите што барате темни бордо нијанси на кармини, имате на Ревлон на попуст во Јуник сега, стојат во прозирна пластична топка на касата, баш загледав неколку убави темни нијанси на бордо.
    И исти на Дебора има мат кармини, црно пакување, во темни боички.
    И на Ревлон и на Дебора се одлични, долготрајни а не ја сушат устата :)

    Инаку девојки ај предлог за ваква боја на кармин како на девојкава од видево ( отворете го во нов таб така подобро се гледа )
    http://www.youtube.com/watch?v=AgBHR4Tcua8

    Ги гледав оние на Есенс новите, во црното пакување ама тие ми се премногу розеви она барби розево :|
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    [​IMG]

    Значи бојава е преубава, ама да му се одмили на човек бе, секоја го има на уста, а дали и стои или не, не е битно тоа.
    Eпа не и стои на секоја и крај!

    Инаку, мене овој на Колор Тренд (Од поефтините варијанти) некако ми е најблизу до таа нијанса :?: ?


    [​IMG]

    па може да пробате, убаво кога ќе нанесете доаѓа така темна боја, само со примеси на црвеникаво ;)
    Jас општо сум задоволна од Kолор Tренд кармините, за тие пари се супер :) и траат, тешко се бришат.3а 120 денари се савршенство без мане :D .
     
    На Mama25, Veki4kaa и tigerlady им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски

    Оваа боја во никој случај на некоја плаво-бела фарбана нема да и стои, мислам дека совршено би истакнала девојка со црна коса и бел тен. Лично мене ми стојат розеви нијанси, ама избегнувам да користам кармини зошто многу ми ја сушат устата. Ете едно од мене, од АВОН instant mocha :)
     

    Прикачени фајлови:

    • a.jpg
      a.jpg
      Големина на фајлот:
      128,9 KB
      Прегледи:
      490
    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      38,3 KB
      Прегледи:
      480
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.754
    Допаѓања:
    80.968
    Пол:
    Женски
    ^ На девојче со темна коса и темен тен преубаво стои. За жал јас го немам ниту едното ниту другото, но сепак мене ми се допаѓа како стои ете на девојката од втората слика. :)
    И јас имам речиси ист тен и тука-некаде иста боја на коса како неа и натинг п'рсонал, ама многу си се допаѓам како ми стои и не ме прави како дух. :lol:
    А тоа што секоја втора го има - да, ама ајде оди избегни класика да те видам. :D
    Дефинитивно не се откажувам, ќе си барам ваков кармин. :wasntme:
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Добро сега можеби си исклучок и ти стои убаво хаха :*
    Повеќето слики што ги гледав се со омбре црвен ефект. Значи со потемно моливче се црта устата и се пополнува внатре, само на средина не. Во средина само посветол кармин и се добива тој ефект. А иначе немам видено јас некоја девојка да го носи тој кармин, што знам некако на црвена нијанса сите носат, во право си класика е црвената боја :)
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.754
    Допаѓања:
    80.968
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека сум исклучок, те разбрав за каков тип на коса збореше ти и онака си прокоментирав за примери кои мене ми се допаднале. :)
    А што се однесува до бојата што ја бараме - има таков кармин, мора да има зашто на оние двете слики погоре убаво се гледа дека нема нанесено моливче или друга нијанса за да се постигне омбре ефект и дека тоа си е самиот кармин.
    Го зедов јас оној на ГР колку за проба, но би сакала да пробам нешто похидратантно.
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мишела јас си најдов кармин најприближна нијанса на тоа што барам и тоа по смешна цена. Го земав од Рубин Кармин по цена од 29 денари, што е малце повеќе од џабе.
    Имаше и кармини од 99, тие изгледаа подобро и полуксузно, ама немаше таква нијанса, па земав друга нијанса од тие.
    Пробав да сликнам ама не се доловува баш вистинската нијанса, зашто ми е темно сега, а со блиц поинаку изгледа бојата од што навистина е во живо, ама колку толку се гледа. Првиот е 29, вториот е 20, а третиот во златно пакување е 99, (прикачена е сликата подолу).

    Пробај за 20 денари и да не ти се допадне, не губиш ништо.

    Само што го пробав на уста, изгледа баш како на сликава на девојката, е сега има разлика од уста до уста, зашто немаме сите иста природна боја на усните, ама како што кажав пробај си. Пакувањето е убаво, а и карминот не е лош, не е леплив, не се суши, како што кажав еве сега го пробав и првичните впечатоци ми се позитивни.

    [​IMG]

    Кога го гледаш малце темен се чини, ама на уста е таман бојата што ја сакав. Кога земам точно како што сакам, на уста ми изгледаат посветло, така да овој ми се погоди супер.
    Помини ќе си најдеш можда нешто друго ако не кармин, смешни се цените, а има некои интересни работи :)

    Уште еднаш редактирам, поминете до Рубин се е намалено, од кармини, до моливчиња, до сенки, до коректори, јас свашта си изназемав. И на Крка Словенија се повеќето работи, така да не се шкарт, башка рокот е во ред, само што сакаат да ги испродадат дека мислам нема да имаат повеќе шминка. Ако не за друго за пробна шминка кога си играм по дома ќе ми се најде, пошто често знам експерименти да си правам де :wasntme: Не знам ни дали има останато нешто веќе, јас едвај на ред дојдов на раат да видам..
     

    Прикачени фајлови:

    • 049.jpg
      049.jpg
      Големина на фајлот:
      212,3 KB
      Прегледи:
      284
    На Hipica, koritsaki, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Инаку, да се надоврзам за кармините од Рубин Кармин, што се 29 денари и такви некои смешка цени.
    Велат дека се со поминат рок, ама јас имам користено доволно од нив, и устата не ми е крива не се секирајте.
    Така да, без страв користете си ги :D
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Нема логика да се со поминат рок, зашто цела козметика е драстично на попуст. На пример да се само кармините, или само сенките или само пудрите и коректорите, ај да кажеш. Ама вака се е намалено, од кармини, до сјаеви, до сенки, до моливчиња, до пудри и коректори. Нема никаква логика на сето ова во исто време рокот да истекува, така да..
    Башка од козметика за лице и очи имам уплав да не е со поминат рок, вака за кармин не е толку сериозен проблем, ама убедена сум дека не се. Се познава тоа доколку е поминат рокот ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Заборавив да го сликнам и овој, сега го најдов во другата кесичка. Жар црвен е, исто на Крка. Овој најубаво пакување има, а исто е некако најхидратантен, како лабело е, сега се шетам низ дома со жар црвени усни :wasntme:

    Ма се изнакупив јас, ќе идам утре и други ќе земам, како ненормална сум :lol:

    Инаку ваква е бојата, на усни.

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.754
    Допаѓања:
    80.968
    Пол:
    Женски
    Карина, јас веќе зедов од Голден Роуз, баш ист е и мојов како од сликата, е сега тоа што структурата им е малку така сувкаста мене лично и не ми е проблем - јас ставам малку лабело како подлога (ама само на долната усна и потоа размачкувам, т.е. „пресликувам“ нагоре за да не ми дојде премногу хидратантно и мрсно од лабелото :lol: ) и потоа карминот ми е одличен, а немам трајни последици на усните. :D
    Живи радости бев денеска кога шетав со бордо кармин, мислам ... извинете вака, пораснав и јас. :wasntme: :D

    Ќе видам и од таму, па на крај краева не мора да земам бордо, ќе земам што ми фати око.
    Сенки веќе обезбедив од таму. :lol:
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Кај море ти со бордо кармин, па сега и јас имам, ако се сретнеме ќе знам дека си ти :rofl: Средба на жени со бордо кармин, снабдете се и останатите и напаѓаме. :rock:

    А кое бројче од Голден, јас исто не ги обичам нивните кармини, ама штом си нашла добро е, да не те мислам, трауми беа тоа додека најдеме :D
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.754
    Допаѓања:
    80.968
    Пол:
    Женски
    Ако видиш некоја забегана плавуша која м'кне огромни лењири и плус има бордо кармин - е, јас сум. :rofl:

    Бројчето му е 70, ми го наплатија 120 денари во Голден Роуз, од оние во златното кутивче, а пакувањето на самиот кармин е стандард - црното. :)
    Со минимално присуство на лабело е феноменален и долго ми држеше, доста време бев натаму-наваму по студовиве денеска. :lol:

    Инаку, другарка моја купила ист таков само во некое црно кутивче беше спакуван. Ги споредивме и малтене исти се, нема воопшто некоја разлика, освен што таа го купила за 90 денари од истата продавница. :?:
    Небитно, нијансата е таа која ја баравме и поради која не спиев со денови мозгајќи што и како уствари да ја најдам зашто ми се чинеше дека е ретка како АБ крвната група. :D
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ја се извинувам за оф-топик,ама што е со попустот во Рубин Кармин?
    Во сите продавници има или само во одредени?
    Просветлувајте ме дали да одам да се изнакупам кармини и сенки или да си седам мирно? :D
     
  16. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Мишелке и другите што го користите, да не ви се наоѓа слика како стои на уста тој од Голден Роуз, бордото?
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.754
    Допаѓања:
    80.968
    Пол:
    Женски
    Имам јас слики, меѓутоа кога ги сечам го губат квалитетот и бојата не изгледа воопшто убаво, а ниту пак резолуцијата за жал.
    На мојот тен изгледа скроз исто како на сликава.
    [​IMG]
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    И јас го купив овој кармин на Голден :D
     
  19. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Ги имате ли користено кармините на Miss Sporty ? Незнам која нијанса би ми била поблиску на бордо, 250 или 056 ??Отворете ги во нов прозорец бидејќи се големи сликите..
    [​IMG] [​IMG]
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.754
    Допаѓања:
    80.968
    Пол:
    Женски
    ^ Најтемната (250), секако.
    Таа всушност и е бордо. :)

    Не се лоши карминиве, нешто најслично на нив се оние на Есенс во црното пакување. За парите се супер, далеку похидратантни од Голден Роуз, но немаат некоја којзнае каква трајност, ама интензивни се.
    Мене ми е супер мојот што го имам, кожа боја нијанса е, ако ми е тука ќе пишам и бројче зашто не се сеќавам кое беше. :)
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.