Скроз каснам со мислењево ама имам кармин кој е скоро идентичен со овој на сликата т.е барем кај мене ја вади истата таа нијанса. На прв поглед, пред да се нанесе, делува претемен и ептен даркерски ама на уста е преубав - женствен, елегантен... Flormar supershine 525
И јас се приклучувам на групата задоволни корисници на бордо карминот од Голден Роуз Преубав е. Баш како што барав.
Црвен и бордо! А во последно време ме фати некако кеф за портокалов ама онака корално портокалов позгасната боја...
Јас земав од Крка од Рубин Кармин од 29 денари оние во плава опаковка, онаква боја како што карина бараше, ептен, ептен темно бордо, убава боичка е стварно, убаво ми стои, и различна е бајаги од онаа на Гош, баш споредив едната мава на црвено, оваа не оваа е баш темно, претемно бордо. Мајкa ми порано ги купуваше стално овие, беа поскапи, 100тина денари, али за 29денари се исплати 10 да се земе, ќе излезе цена како еден да си купил од бренодовиве кои често се застапени кај нас.
Хипстер и сите кои бевте во Рунин, има ли од на крка кармините ама во златно пакување? Јас имам дома еден со преубава нијанса и при крај ми е, ако има од овие во златно пакување да си го купам по втор пат.
Колку што прочитав имало три типа кармини различни по цена, мислам дека и златната амбалажа беше спомната. Инаку каде освен во трговски има Рубин Кармин? Ич не ми текнува
Да,ги има, златните се најскапи 99 денари се, оние тегетот се 29, црните се 20. Имаше нијанси од сите, сега не загледав што како, на брзање бев, ама кога имаше 3 различни бордо нијанси, верувам дека имаше и од другите бои по некоја. Зборам за Рубин Кармин во Гтц, оние двете едно до друго залепени што се(колку глупава идеа два едно до друго но тоа е друг муабет). Едина замерка што имам за нив, е што мирисаат баш она карминесто, не на ванила или некој друг пријатен мирис како што мирисаат они на Гош, Мејбелин, Лореал. Ама ептен се хидратантни и трајни се. Ама бојава јас што ја земав е претемна, доволно е еден слој ептен, ептен е темна гледам дека доолго ќе ми трае, не треба да се шлапаат 2-3 слоја. За разлика од Голден Роуз,мене овие ми се подобри и поквалитетни, а и Голден не е веќе ефтини ко што беа на времето. Јас планирам да си купам барем уште 3-4 нијанси, зашто верувам дека за кратко нема да им ги има веќе.
Giovanna Рубин Кармин имаш и во стариот трговски до Бисер(Аеродром). И јас си земав 5-6 кармини, едно сјајче и камена пудра, и се ме чинеше 200 денари Инаку тие во плавото паковање се класа на кармини, и мајка ми ги употребува од секогаш и баш пријатно се изненадивме со цените.Еве јас ви ги сликнав тие што си ги купив чисто за да ви помогнам при изборот
За разлика од порано, сега претпочитам потемни нијанси. Ол тајм фејврит и класика ми е црвениот, во секое време го имам во ташна. Најчесто црвен користам, убаво ми стои.
девојки ајде ве молам помагајте, никако неможам да ја најдам оваа боја на кармин...пишете бројче, марка ...ептен ми се допаѓа бојава ама неможам да ја најдам...однапред благодарам
^ Немаш потреба од толку скап кармин, разгледај ги кармините на Rimmel од Kate Moss колекцијата, оние во црвеното пакување. Мене највеќе ми се допадна 101 Kiss of life, па погледни го него. Има и други, но овој ми беше највпечатлива црвена. Ако не ти се допадне ниту еден од оваа колекција, побарај ја онаа стандардната црна колекција со нејзин потпис, мислам дека бројчето беше 01 и навистина преубава е нијансата и мислам дека би ти се допаднал. Не се скапи, 200 денари се во речиси сите парфимерии.
Мене сите бои ми се убави,секакви користам освен премногу бледи,ме прават како дух Омилен ми е,секако црвениот кармин,така да најмногу го користам за излегување,а денски ставам нежни розеви нијанси,зависно од приликата. Овој ludoto.19 што го ставила преубав ми е!
Каде е кај Бисер Рубин, никогаш не сум забележала дека има? Ај некој нека ми каже кајде поточно, до кои локали, продавници ?