Овој би ти го препорачала доволно долготраен и пигментиран , е сега имаш и поскапи кармини , но црвениве кармини и од 20 денари да се тешко се бришат од усните .
малце out of topic,за кармините од рубин кармин и се останато на попуст-забележав дека немаат рок на траење,па ми е страв да земам,конкретно сакам перли да земам од тие 99денари,па ако има некој користено,да ми каже дали се во ред,да не испаднам ко краставица во лицево
јас земав камена пудра па еве недела дена се е во ред (а имам чуствителна кожа) иначе 3 пати ја прашав продавачката дали се во ред со рокот и она тврдеше да.
А демек ако му е поминат рокот ќе ви кажат „Да девојче поминат им е рокот„ , декларации се прелепуваат на храна, а не пак на козметика. Многу е јасно дека им е поминат рокот, ама не верувам дека би имало некакви последици од кармин или сенка - руменило со поминат рок. Освен да мирисаат непријатно друго не верувам дека би причиниле алергиска реакција. Никој не може да ви гарантира за рокот освен ако од производителот не е отпечатен на амбалажата. А за декларациите е јавна тајна дека се прелепуваат пред истек на рок му продолжуваат уште неколку години на производот
Број 124 на Голден Роуз, преубав е! На сликава не е многу убаво прикажана бојата ама е многу убава темно црвена баш знам поназад во темава поставуваа слики од таква боја и конечно си ја најдов
За производите на рубин кармин, имав пишано и претходно на друго место, од пудрата ми се исфрли лицето, маскарите се течни и не дај боже да ти се насолзат очите (башка не ги бива за ништо), Четката на тушот е ужас, единствено ружот беше ок. А ноктите ми се направија како ливчиња и ми се искинаа, а после кога мириснав завележав дека мирисаат на алкохол или нешто сл. Така што верувам дека се со изминат рок и мој предлог е подобро 100 ден. за голден роуз, него ли 20-30 и ризик за инфекции.
Овој го користам за секој ден, неутрелен е, такви кармини сакам. Знам за вечерно излегување да ставам и црвен кармин, но тоа 1-2 пати во месецот.
За овој период дефинитивно на водечко место ми се усни во бургундец боја, лила, црвена и доста нијанси меѓу овие 2 бои.
Класичната црвена е избор за сите, ретко на кој на му стои. Од боите за оваа сезона најубава ми е винската.
Јас сум бринета, и сега сум во план да си го купам овој кармин на Flormar, нијансата ми е предобра, нешто меѓу вишна и лилава боја, мат е, баш таков каков што долго барам, што мислите, дали ќе ми одговара?
Штом на мене, бледа плавуша, ми стои таа нијанса, сигурна сум дека на бринетка ќе и стои сто пати поубаво
Ќе ти одговара секако сакав да те прашам дали овој кармин што го имаш поставено е burgundy боја , овој ли е и кога ке го земеш кажи ми како ќе си/задоволна од него
Утре ќе излезам и ќе си го купам, искрено, не го знам називот на бојата точно, од Флормар е, бројката е P320, во розова амбалажа, баш како тој на сликата што го постирав погоре (го барав според бројката, така и мене ми го кажаа и таа слика ми излезе), штом го земам ќе ти кажам точно.