ги имате ли користено овие карминчиња? Гледам во космо се на акција. А колку се на голден роус кармините?
golden rose 70 ден јас прееска си купив и навистина сум задоволна така не ја сушат устата како влажни стојат имаат многу убав сја долготрајни се прекрасни се
^ 70?! Јас имам купено еден од локална парфимерија за 100 денари (од тие во сива амбалажа) и за 120 од нивната продавница на Рекорд (во црна амбалажа). Искрено до сега немам сретнато нивни кармини по цена од 70 денари.
Наводно во аптека биле по 70 денари. Другарка моја мислам дека го купила од Зегин ако не се лажам. Проверете и низ аптеки некои каде држат козметика на ГР. И јас ги немам никаде забележано по таа цена.
Козметиката во аптеките е секогаш поефтина од останативе маркети за некои 30-40 ден. Конкретно Голден роуз козметика имам видено во аптеката во Веро Центарот што е и ако не се лажам во Рамстор аптеката.
Откако се снабдов со неколку нијанси на темни кармини кои долго време ги посакував, сакам нешто понежно да набавам. Kaжете ми нешто бројче и фирма најприближно со карминов на сликава?
Оф топик, ама да ви кажам да не се чудите за кармините на Голден роуз, во прилеп по парфимерии се 70 денари тие во сиво пакување, 90 тие во црно четвртасто и над сто денари, кај 120-30 се тие во бордо. Така да, нема чудно, сепак си ставаат продавниците свои цени Е сега, ваква боја на кармин што нема лесно да го појадам значи потраен да е и мат ? Спојлер
^^ Јас сум презадоволна од нив, ги обожавам. Убави се, хидратантни и мене не ми се случило да ми се разлее, а инаку имам 4 од нив.
Девојки препорачајте ми кармин во бојата за 2014- Radiant Orchid Ако може да не е повеќе од 300 денари