Ги пробал некој новите кармини во вид на мaркер што ги рекламираат, на Max Factor се?? Сакам да си купам, ама сакам прво мислење од некој
Ај ве молам ако некој знае баш вакви бои на кармин или сјај нека пише. Користам и светли и потемни кармини зависи од пригодата и смата шминка.
revlon 063 од трајните кармини ама јас не можам да најдам нигде не знам оти.. ако знај некој друг вакви бои од др. фирма нека кажи јас цел месец барам не можам никаде да најдам... не знам оти...
Обожавам црвен кармин , да имам како и со него ке спијам хаха, се салам , порано не сакав ни да помислам да ставам црвен кармин на усните, секако со сјај, не од тие сувите, не сакам да користам такви. Исто така користам и мат кармини,сјаеви за усни со нежни нијанси, не сум определена баш ептен , што ми се допаѓа тоа ставам. Но за црвен кармин ауу обожавам
Темни нијанси,значи виолетов,кафеав,и сите нијанси на месо боја и праска.Единствено не ми стои светло розев.
Обично ги акцентирам очите, така што користам некои посмирени, понеутрални нијанси на кармин. Светли бои не ми стојат. Најмногу носам едно карминче, нешто е помеѓу темно розе и вино боја... не знам како да ја дефинирам Тешко можам да најдам убава нијанса на црвен кармин, па затоа и поретко користам таков.
Користам и ми стојат секакви тонови на розова и црвена, и неутрални и појаки. Оние со кафена, портокалова или лила основа ми се одвратни бои и никад не би ставила.
Ај кој се разбира у кармини да ве видам. Што бои се модерни сезонава? И у прилог ако ставите марка и број,ќе ви бидам многу зафална. Не за друго дечко ми не ми дава да го бацувам ако не ми е модерен карминот. Сакам да си купам некое карминче,ама незнам какво бе. И да...Ако има некој искуство со оние на МаксФактор како маркери што се ,да се искаже.Mи изгледаат врло интересно. И се шалев за она со дечко ми,наравно.
Јас ти препорачувам на Артдеко и сјајеви и кармини да си земеш.Сега пред некој ден си земав сјај и предобар е квалитетот.На розе нијанса е.И имаа прекрасни бои на кармини аууууу се заљубив!Од сега само Артдеко ќе користам и сјај и кармин.Бои имаше многу,мислам дека ќе најдеш некој по желба. Иначе јас најчесто користам беж боја на усните,и розе тонови,а за навечер сакам црвен кармин баш ми е секси,кој знае да го носи тој ти е класика,нешто како парфемите на Шанел онаа која знае да ги носи е права дама според мене.