девојки дали некој може да ми каже дали има видено кармини од KRKA некаде, јас имам едно карминце веке е потрошено ама го имам купено можеби пред 10години и повеке, го зачував кутивцето затоа што кармините се неверојатно добри-мека, нежна и сјајна структура, лесни за на усните...преубави и многу квалитетни...ама од тогаш немам видено ништо слично, како во земја да пропаднаа. Nезнам дали постојат воопшто.нека ми пише некој ако знае. однапред благодарам
И обични парфимерии држат козметика на Flormar. Во мојот град има една која е подобро снабдена со нивна козметика. Немаат голем избор, но руменила, камени пудри, кармини и лакови се наоѓаат. Убаво распрашај се низ парфимериите, можеби има некоја таква.
Незнам дали ми е за тука прашањево, ама добро. Дали има некаде каде што можам да купам поголем број на кармини, како сет нешто? Како што има нели сетови со сенки или пудро, исто да има само за кармини ? Ако може, каде да набавам ?
Девојки која боја би одговарала за бајаги полна уста Освен nude нијанса (иначе и каде можам да најдам некој убав кармин со оваа нијанса)
ух црвен... ама сепак зависи од формата на устата и тенот. најубаво е да си испробаш сама. јас од авон имам земено на два пати кармин и многу сум задоволна, не ми ја суши устата, како лабело му доаѓа, а некоја розе нијанса ми вади.
Денес си се подновив со два кармина - Rimmel Kate Moss 102 И Flormar L38 еве ја нијансава да видите како изгледа
Девојки ми треба Ваша помош. Која марка е најдобра, постојано ги менувам но не сум во можност да најдам баш многу темно црвен(бордо) и виолетов.
Јас на пример,секогаш ги користам кармините од Oriframe.Пробај од таму,сигурна сум дека нема да згрешиш!
Многу темно црвен (гордо) кармин на Севнтин бр. 22 во сребрено паковање. мат е, долготраен и преубав. во космо е 280 додека во еликсир 290