Девојки а кога поставувате слики да ставите и која марка е карминот и бројче? Попрегледно ќе биде, а сигурно кога на гугл наидувате на сликите може да проверите каков кармин е. Вака ќе поставите слики и после еден куп цитирања и прашања, а кој кармин е ова, каква боја е.. Џабе само голи слики кога нема да помогне тоа некој да си пронајде тоа што бара. Затоа сликите со инфо за кармините ако не ви е проблем,за доброто на сите.
Токму така! А и темава не е воопшто само за поставување слики, баш убаво си разменувавме мислења. Ми одмиле да ја отварам зашто 90% од мислењата се ... слики.
Мал трик за да видите кои се кармините на сликите постирани (ако користите Google Chrome): десен клик на сликата > Search Google for this image. Ќе ви го најде изворот на сликата, а веројатно и типот на карминот и бројчето. Јас постојано го користам ова кога сакам да најдам некоја слика, не само за кармини
^^Мислам дека тоа многумина од нас веќе го знаат, но и не секогаш ги наоѓа, може да ти најде извор на страница но не пишува кој е карминот, зашто и од уста често ставаат, не од пакување кармин. А и лоша е прегледоста ја гушат темата сликиве. Отвараш и еден куп слики, безвезе ставени, а некои девојки колку убаво си пишуваат детално review за кармин, од бројче, до текстура, трајност, цена, кај го има, од милина да ги читаш. Нема потреба од непотребни слики, ако имате предлог кармин, напишете веќе и збор два за истиот, ако имате прашање тогаш пишете прашање што барате. Не гледам цел на ставени куп слики само колку да скролаш низ темава, ништо друго.
па добро девојки и од сликиве може да се најде некоја убава боја на кармин, иако за жал ги нема сите познати брендови кај нас, сепак од сликиве постирани може барем да побараме нешто слично на нив или доколку може да се најде кај нас и да се купи....не е ништо страшно со постираниве слики, давајте идеи, разменувајте мислења тоа е битно, темава е за кармини и колку што гледам никој не избегал надвор од темава и никој не е навреден.
Уфф како се добри боите на кармините на Лореал, на некој лиги за чоколадо му течат мене за кармини . Која е цената на кармините на Лореал, сигурно се солени отприлика некој знае и дали се доволно трајни, ама солидно да се трајни . Ги сакам ситеееееееее. Инаку немој некој да се излаже со кармин од Авон, Лукс, ми иде низ прозор да го фрлам, на Голден Роуз може вода да му носи, џабе е поскап а и бојата наместо розе, црвена, ова за памет да ми е
лиги ахааа мислиш дека си само ти со лиги хехех брендов е законннннн, нема нешто грдо и неубаво а да е нивно, сите се прекрасниииииии, за квалитет да не зборуваме
Бројче и фирма приближно со карминов на сликава? Само да не биде типична бургундец нијанса,барам баш како на сликава,нешто меѓу бургундец и виолетово.
Карминчињава на Лореал се 720 денари (+/-20 денари, зависи каде). Прекрасни се, и боите и трајноста и пигментираноста
Имаат сличен Голден Роуз од црните, вчера баш гледав, само го заборавив бројчето провери си, прашај. Јас си се подновив со 124 бројче.
Каде може да се најдат кармините на Ревлон?? Порано се продаваа во Јуник а со оглед на тоа дека веќе не постои сега ги нема ниту во Еликсир, Космо, Шатци... Помош девојки
Јас имам купено Ревлон кармин од Космо во Зебра што е, така што би требало во сите Космо да ги има. За нијансите, не гарантирам, малку слабо беа снабдени, ама вреди да се проба Ако нема во Космо, нема никаде.
Девојки кој се потрајни кармини Дебора или Мејбилин, тука нема многу избор ама за разлика од кармините на Лореал повеќе имаше нијанси кој ги користам, вчера се мислев и на крај се вратив со сосем трето . Ако не се трајни да не купувам да почекам кога ќе дојдам во Ск таму најверојатно има повеќе избор на Лореал кармините. Сакам да биде потраен и хидратантен, од Макс Фактор ич не сум задоволна многу ми ја сушат устата и ми се лупи дури, а искрено не се баш ефтинки а мене не ми одговарат, секогаш не значи дека ако се поскапи се поубави .