Ако сакаш похидратантен, тогаш Мејбелин, дефинитивно. Дебора имаат одлични кармини, но сите се со полу мат или мат структура, не сум наишла на кремаст, хидратантен кармин од нив. Мејбелин се сосема солидни карминчиња, имаат пристојна трајност и не ги сушат усните Лореал се прекрасни, ама поскапи се. Сепак, вредат за секој денар и имаат преубави нијанси, особено nude Во ДМ имаше голем избор на нијанси, ама целата декоративна козметика во ДМ е поскапа од секоја друга парфимерија, малце (повеќе) се занеле со цените Да знаеш ако купуваш, можеш да си ги видиш нијансите на Лореал таму, стварно се снабдени, ама ако купуваш, земи си од друго место.
Имаат и на Deborah (rossetto shine creator) хидратантни кармини , јас имам користено.Овој што го имам јас е прехидратантен и многу кремаст , е сега трајноста му е солидна , ама јас пошто ги "јадам" кармините немам забелешано некоја голема трајност .Што е најбитно не ги суши усните и има прекрасен мирис.Може да разгледаш на гугл ревиев .
Сакам темно розева боја, но нежна, да не е дречива. Уствари средно темно розева, има таква боја, нели? Еве вака нешто: Спојлер Јас добивам ваква боја со комбинација на светло лилав кармин и бледо црвен. Ама не е тоа тоа, не сакам да се шлапам со неколку слоеви. Добредојдена е секаква помош, и по можност да не е многу скап, долга ми е to buy листата
^ Ја би ти го препорачала лабелцево-карминче како и да е Скрос иста боја дава како што бараш според сликиве, еве ваква боја остава : Јас го земав 128 денари мислам дека во Еурофарм аптеката ,на други места мислам дека е поскапо над 135 ако добро се сеќавам Како и да е ,не е повеќе од 140 ден. мислам дека
^Дали лабелово има овошен мирис (да не речам вкус )? Се надевам дека не, не сум баш по овошните, инаку вака ми се допаѓа лабелцево, благодарам за препораката
На Мејбилин немам користено кармини, но на Дебора да од линијата милано ред. Прекрасен е, баш е хидратантен како што бараш, устата не ја суши, бојата таре доста солидно и имаат преубави нијасни, едвај се одлучив за една . Не се секавам колку чинеше, од космо го зедов.Еве на оваа линија мислам Лореал се исто многу убави, посебно color riche колекцијата. Претежно имам сува уста па вакви кармини ми се закон. Најмногу ми се допаѓа тоа што во средината на карминот има и балзам, кој ги негува усните, па така немам потреба да ставам лабело пред нанесување на карминот. Исто така имаат многу убави нијасни.
Не, не мириса овошно. Мириса баш како кармин Има многу суптилен, нежен мирис што кога ќе го нанесеш на уста не се ни чувствува. Јас сум заљубена во лабелцево, и тоа во ова виолетовото. Измислено за преку ден, кога те мрзи да се замараш со кармини и чуда, а сепак сакаш да изгледаш средено
Побарај на Менхетен од крем кармините што се, има две црвени нијанси кои мислам дека се многу слични со овие што си ги постирала. Инаку крем карминот е одличен, многу е долготраен, дава многу убава боја, која првин е малку сјајна кога ке се нанесе, но откако ке се исуши е мат, а се суши многу бргу за две минути.Нема потреба од ставање на пола сат бидејки не се брише баш лесно.
Ги има ли кај нас овие велвет мат на Голден роуз ? Јас па ич не одам во тие нивните продавници, а се наоѓа нешто ефтино, а со солиден квалитет понекогаш.
Фино изгледаат вака, а како стојат со трајност? Додуша за тие пари не очекувам чудо, ама барем да е пристојна и да не се брише одма.
Дел од моите(фалат уште три нови), нискобуџетни ама за мене совршени, ете затоа не давам повеќе од 250 денари за кармин Е сега колку се доловени боите незнам баш, зашто не се со светлина асална
^^^Мarkwins international beauty products Од Германија ми е донесен во цело куферче со шминки, од таа фирма се тие четирите МИслам дека е англиска фирма за козметика, ја нема во Мк http://uk.markwinsbeauty.com/
Јас да се пофалам, денес ми стигна карминот од Орифлејм Многу сум задоволна од тоа како ми стои, бојата е нешто помеѓу кожа боја и розе, многу убава денска нијанса и мислам дека супер би им стоела на сите плавуши. Покривноста не е голема, тоа малку ме разочара ама бидејќи станува збор за светла нијанса тоа не е толку приметливо, карминот е лесен и кремаст но не би било на одмет да има поубав мирис Нијансата е Warm Peach