Месо боја И секако да не го заборавам најсекси изгледот со црвен кармин Иако порано не го сакав ич,сега се повеќе и повеќе го сакам,ама сеуште не сум го употребила
Ги сакам розевите нијанси ама оние нежно розевите,месо боја кармините .... оние понежните.Ги сакам исто така и сјајчињата.Посебно ми се убави кармините и сјајчињата на Лореал.Инаку обожавам црвена боја ама некако немам доволно храброст да носам црвени усни хахаа а инаку преубаво изгледа црвен кармин на уните.
Јас сум смеѓо-русокоса, т.е природна плавуша, смеѓокоса по потреба - како што често љубам да кажам. Имам и светол тен, така што сметам дека најубаво ми прилегаат посветлите нијанси на кармин и тоа најчесто во кремови, розовкасти, бледо портокалово-розови нијанси. Многу често ми велат дека жар црвената би била совршена за моите усни и би се совпаѓала со мојот тен - се сложувам, да, ама некако не си се допаѓам баш со црвен кармин, барем не со онаа нијанса која ја имам, ама можеби бидејќи ја немам пронајдено вистинската нијанса, штознам. Воопшто не ми се допаѓаат јаките бои на кармини како виолетово, апла дреч розово/циклама ... прејаки се, нападно изгледаат и и' даваат некоја си нота на вулгарност на жената што ги носи - не знам колку и дали е точно, ама така мислам јас. Еве во прилог некои нијанси кои ми се допаѓаат.
Hајомилена боја ми е нешто помегу кајсија боја и месо боја Bака нешто Cакам и ваква виолетова боја Tемно црвенава и таа ми е убава Eдноставно не носам розева,онаа бебешко розе како на бело што удира Eдит:Jа прочитав на Mис индепендент назад,ако сеуште те интересира за Mакс фактор маркерите,јас имам и мене супер ми е,не поднесувам сјајеви и со овај маркер ништо не се чуствува дека имаш на устата
Користам кармини и сјаеви зависно од сезоната. Во лето користам бледи и нежни нијанси кои повеке ми личат на исончаниот тен, додека во есен и зима користам појаки бои. Единствено не ми се допаѓаат кафеави нијанси. Од сјаевите презадоволна сум од Revlon и Victoria’s Secret. Имам суви усни и сјевите од двата бренда не ми ги сушат повеке бидејки се како силиконски. Од кармини, се пронајдов во Loreal, кои исто така е погоден за суви усни и бојата е долготрајна.
Многу сакам да си купам бордо боја на кармин,некоја темноцрвена вино боја и вчера отидов тука до најблиската продавница за козметика и ми покажаа некои кармини со жиш срвена боја...ќе ве замолам некоја ако има кармин ваква боја да ми пише која марка и кое бројче и е карминот
Јас имам еден од Авон Mocha plum многу е убав баш сега е намален на страна 12 е http://avon.mk/brosura.htm
Или такво Или такво... И двете ми се свиѓат, а и двете ми седат добро... Такви нианси сакам многу, да се свежи, по природни, но да дава некој сијај... Се разбира ми се допаѓаат и по темни бои на кармин...Но да е на некое друго лице, не на моето
Deborah 24Ore Mat број 52 е тоа што бараш Само да те предупредам дека е долготраен па не е за суви усни. Инаку бојата е топ!
Некоја феминка да не има нешто слично на двеве нијанси па да ми препорача кармин? Особено второво жар црвено што е, ама баш таа боја ми треба.
Ако си од Скопје побарај во Базаро јас пред неколку дена си купив од таму црвен кармин за некои смешни 45 денари, само малку е сув, пред да се шминкаш стаи лабело или павовичева да ти омекнат усните и немаш гајле. За тие пари е топ. Отприлика вака нешто е бојата на карминот. Со ставање и сјај врз карминот мислам дека ќе испадне нешто како на втората слика што си ја стаила.
А девојки од кај можам да најдам некој убав месо боја /кремаст кармин ? Слушнав имало добри на Голден Роуз
Јас го земав овој Голден роуз 99 и на сликава може не е баш таков,ама на уста е кремаст,многу е убав. Вака нешто е на уста,сега зависи и од нијансата на самата уста ама мене ми е ваков,пробај види,не е скап 90 или 100 денари
мене црвен најубаво ми стои а ми викаат и убава ми била устата без кармин ама најчесто црвен користам може некогаш светло розев
Овие нијанси најчесто ги користам. Црвен кармин обавезно за вечерно излегување а за денско најчесто розево или корално. Сјај не.
ова се нијанси што ги користам пролет-лето а есен-зима... не велам дека строго се држам мора розово само пролет-лето, но така најчесто преферирам