да ве прашам тие новите кармини на golden rose што се мат каде ги има? барав денес во тоа што е во гтц и немаше
anuskaNESTLE и јас ко тебе додека ја најдов идеалната нијанса ги испокупував сите можни сега имам за извоз Јас би ти ја препорачала Bourjois Rouge Edition 02 Beige Trench,инаку не сум љубител на Bourjois кармините ама овој ме освои . Има кремаста мат текстура која не се пресликува на забите и тоа ми е најбитно. Највисе мразам кога ќе видам мачка тип-топ средена со добро зубало а на забите кармин Карминов многу бргу се аплицира,не се разлева и што е најбитен е доста траен. После одличен оброк ми беше задржан и тоа бајаги на устата. Исчезнува оноа кремасто чувство што го поседува самиот кармин. Ме изненади во поглед на трајност зошто овие кармини кои што се кремасти и не се толку трајни но овој не е таков со оглед на тоа што сепак е nude нијанса и неможеме баш многу да очекуваме да стои (кога .конзумираме храна или пијалок) инаку е постојан барем неколку саати. искрено незнам дали оваа линија ја има кај нас провери по парфимериите. Jас ја имам и 07 Fuchsia Graffiti (последниот на сликата) и ми е најубавата фуксија нијанса. Далеку потрајна од првава одкога ќе избледи останува на устата како lip stain. Изгледа ќе се снабдам со уште понекоја добра нијанса
Анушка не знам дали бараш мат или не, ама за секој случај види ги и мат кармините на Севентин имаат избор на нуд нијанси. Конкретно од ова што го бараш мислам дека ќе ти одговара бројчето 02. Имаат солидна трајност и како додатен бонус и 15 спф фактор. Цена нешто под 300 денари, мислам дека беа 270 во Космо. И во дм ги има ама таму се најверојатно нешто поскапи. Спојлер
Денес ми стигнаа! Авон ми е сосема достоен за убави карминчиња. Секогаш сум задоволна! Супер нјуд нијанса. Убаво покрива и не е сув. Убава нијанса помеѓу розево портокалово. За исончан тен летоска ќе биде супер!
Леле, Лилит овој првиот кармин и тој ти стигна?! И каква боја ти остава, задоволна ли си ти? И јас истиот си го земав, мислејќи дека е нуд, ама преблед ми стое мене, морам да ставам портокалова нијанса на друг кармин па овој одгоре да дојде совршена нуд нијанса инаку усните ми се бледи, бледо розеви.
тие што сте ги купиле наликуваат на лебело за усни, а не на кармин и се разлигавуват на уста, брзо се бришат, боите не се такви како на сликата ----повеке реклама него квалитет. Oвие се ужасни, освен тоа виолетовото карминче, другите се жив ужас....јас 2 имам од оваа линија-ама не ми се убави затоа што на усните треба 5 пати да се намчкаш за резултат да видиш, лабело за усни и за 5 мин го нема PINK. B, FRESH P ги имам и не сум задоволна, не би ги препорачала никому.
Не бе, мене супер ми е. Не сум како оцет да сум пиела. Ама јас имам некој чуден феномен, што и да ставам мрсно на уста, ми станува црвена! Не е алергиска реакција, туку ете така, па ваљда ради тоа не ми делува толку блед, што знам...
Ваков црвен кармин како на сликава да ми кажете каде да најдам. Видов Коритсаки ја ставила сликата и ми се допадна многу. По можност да не биде многу скап.