^ Пробајте ја и најтемната нијанса од мат кармините на Голден Роуз. Бројче 20 е најтемната, видете дали е слична
мене слично ми изгледаат на Seventeen Matte 22 Deborah burgundy Maybelline Color Sensational Lipstick in Dazzling Plum 835 И барем овие не смрдат како ГР кармините
Девојки, некоја од вас која го има користено Seventeen Matte Lasting lipstick, 22 да ми каже дали изгледа како овој на сликава? Го видов мислењето на Mishela, а на сликава е прикажан кармин кој е неколку нијанси потемен од тој што го барам. Последно нешто што користев, а слично на ова, беше еден од avon color trend, deluxe се викаше колку што се сеќавам, ама не знам кај ми е зафрлен, не можам да го најдам со месеци. Остава токму онаква боја каква што сакам, ама не е траен, по неколку минути од нанесувањето карминот се бриши. Ми треба некој поквалитетен, до 400 ден. Матиран или не, не ми е толку битно, само ќе нагласам- без светки.
^ Таков е каков што бараш, можеби уште малку потемен, има некој виолетов тон но баш е на граница меѓу виолетово и бургундец.
^^ Јас секаде го барав овој 22-ката на Seventeen, ама никаде не можам да го најдам. Ако сте сигурни дека го има, ваљда секаде кај што одам е потрошен. Кажете каде го има со сигурност. Чудна работа, 80% од работиве што се предложуваат во темава никаде не можам да ги најдам. Очигледно има побрзи од мене.
Абе го има во Космо. Во Сити Мол последно го видов пред 8-ми. Сигурно го има, може ти се потрефило да провериш кога им се потрошила залихата, така бев јас со Севентин двојчето додека го најдам и на крај се разочарав кога видов дека ми мава на розе, не ми стои убаво и нема ниту Н од тоа нуде-то.
Да го пофалам мат карминот од голден роуз бр.17. Многу е убав, многу убава нијанса како што барав ама сеуште го немам испробано колку време држи на уста.
Се надевам ќе и биде на некоја од вас од корист. Кармини што ми се купени во последниов период, сите на Голден Роуз: GOLDEN ROSE VELVET MATTE LIPSTICK бр. 17. Се заљубив во карминот. Преубава црвена нијанса, нит светла нит темна. Овие кармини многу повеќе ми се допаѓат него ли старите, овие го немаат оној грд мирис ко старите, по кремсти се , одлична пигментација, стандардна изджливост за Г. Р. од 2 до 3 саата и супер цена од 130 ден. На видеото можете да видите како изгледа карминот како и дел од кармините од таа колекција. Изгледа буквално исто и во живо ко на видеото. http://www.youtube.com/watch?v=bvvgFKEis_g Голден Роуз бр. 120, од старите црни пакувања. Многу убава темно црвена нијанса. Карминот е по мат не е многу сјаен. Цена 100 ден. Голден Роуз бр. 105, црно паковање. Еден од најупотребуваните кармини ми е. Нежно кафено, капучино боичка со сефасто бисерен одсјај. Одлично се вклопува со секаква шминка особено со смоуки аис. Голден Роуз бр. 79, црно паковање. Убава розева боја со син подтон, ги прави забите побели. И Голден Роуз бр. 128 исто црно пакување. Летна боја, бојава е љубов на прв поглед, права корално портокалова нијанса. Осеќам дека летово ќе ми биде хит. Сите три бои се баш како на сликите. Солидна пигментација, трајност до кај 3 часа. Цената на сите е по 100 ден.
130 ден. се и ги има во Голден Роуз продавниците,јас последен пат ги гледав во Голден Роуз на Рекорд.
Новиве мат на голден роуз, колку се најпрекрасни!!!!! Се заљубив значи во пигментацијата и издржливоста и боите секакоо Мислам за цена од 130 денари немам коментар , предобри ! Јас за земав истава нијанса како феминкава над мене, и конечно си ја најдов таа нијанса од секогаш што сум ја барала нит темна нит светла ,ете таква во глава како што си имам замислено незнам ни јас да си ја опишам си најдов битно Ми иде сите да им ги купам, али веќе премногу кармини имам што ќе им правам толку
Во потполност се сложувам,јас си го купив 03 и супер ми е карминов,за нијанса ми се дури поубави од Кејт Мос во црно пакување.Јас го купив 100 денари кај нас во парфимерија
Девојки,препорачајте кармин за дење,значи некоја нежна нијанса,незабележителна. Значи тотален антиталент сум за кармини.
Maybelline color whisper lipstick in pink petal rebel, многу убава нежно розево нијанса, ја пробав преге во ДМ и се заљубив, наредна на список за купување ми е заедно со лилаковата нијанса подоле спомната. Имаат избор на преубави нијанси. Цената им беше околу 360 ако не се лажам, не ја запамтив баш точно. Исто и оваа нијанса oh la lilac ми е многу убава ако сакаш лила кармин.