^^ 3-че е да, еве ги нијансите ама не се баш исти како на слики, јас земав 2-ка а во живо е како 7-цата тука.
http://silverlipsbeauty.com/wp-content/ ... age-15.jpg http://www.polyvore.com/cgi/img-thing?. ... d=41999872 мене најубави ми се мат кармините, баш изгледаат поприродно
http://data1.whicdn.com/images/113833748/large.jpg Да не знае некој кое бројче е карминот,или има исто вакво?Многууу го сакам....
Овој црвениов нели е како тие погоре што се мат од Голден Роуз Нешто слично провери дали има од карминиве на Голден роуз...инаку јас би препорачала крем кармин што имам веќе вакви две нијанси , ако можеш да ги порачаш од ибеј супер, на почеток е како сјај но по 2 мин се суши и станува мат кармин инаку карминиве се викаат NYX Tokyo i NYX Istanbul овие нијанси ми се најслични на тој што го бараш ти.Ако си заинтересирана ќе ти пратам линк од продавачот
Овој црвениов нели е како тие погоре што се мат од Голден Роуз Мислам дека не е. Овој е доста потемен и друга му е нијансата.
Денес си го купив карминчево на попуст Estee Lauder Defiant Coral, преубава розево корална боја , стои на усни 9 часа ( се надевам навистина ќе е така ) има кремаста нијанса ,не се осеќа на усни,и не исчезнува како останатите кармини. Се уште не сум го пробала ама се надевам ќе вреди за парите
Каква боја на кармин би одговарала на оваа боја? Ќе шијам фустан од овој материјал за на свадба па ви ве замолила за некој предлог.
Ќе одговара било каква светла боја, мислам дека идеална би ти била некоја нежна корална нијанса како карминот кој го постирала Корицаки погоре. Верувај дека преубаво ќе изгледа, јас сум носела ваков кармин со такво слично нежно парче.
Девојчиња, ваква некоја нијанса од оние новите Голден Роуз матот? Само не ми кажувајте 14, ја имам и повеќе бие на бордо него ли на розеникаво.
Не знам од Голден Роуз, ама има речиси сосема иста нијанса вакво карминче од новите мат течни кармини на Bourjois - Rouge Edition Velvet Lipstick (не го знам бројчето, станува збор за четвртиот кармин од лево кон десно). Го пробав во ДМ тестерот, идентичен е со бојата што ја бараш. За цена не знам да ти кажам, заборавив, ама некако како 400 ден. да ми се врти во глава Патем, трајноста и пигментираноста се лудило. Го пробав на рака, се избришав таму, дојдов дома, се бањав и правев триста чуда и пустото не се извадило, а не ни забележав. Кога си ја видов трагата од карминот на рака следното утро на работа не ми се веруваше