Мишела, и овој на авон е прилично сличен како што бараш. Rose Mauve е нијансата на Ultra beauty линијата. Во наредниот број ќе бидат на попуст, 220 денари Ако ти се чека само
^ Има на She-stylezone во ДМ, околу 150 денари го земав јас, али одамна беше тоа ..незнам сега дали го има сеуште. Вака изгледа : Али карминов не испушта многу, скоро ич, многу е сјајен, и никаков Така да ако го најдеш, пробај го прво на тестер па види дали ќе ти биде океј. Иако ја би ти препорачала ако сакаш толку црн, подобро црно моливче стај си на уста со лабело , него ли ова г**но ЕДИТ: еве како изгледа на уста, али ова со мнооооогу слоеви ќе треба да го добиеш :
А освен за маскенбал за која друга прилика би носеле црн кармин? Ова јас сериозно прашувам, затоа што никогаш не ја разбрав поентата на црните сините или пак зелените кармини Инаку бројче од ваква нијанса на карминче? Ова со оглед на тоа дека е на Estee Lauder мислам дека е изгор скапо.
^Има на Севнтин само бројчето не го знам, имаш и мат и сјајно иста боја, околу 250 денари се, јас сум многу задоволна од нивните кармини.
Никогаш не ги трошам до крај ми поминува мерак убави ми се само на почеток после ќе стојат во несесер месец-два и кога ќе забележам дека само зафаќаат место летаат во канта
Вчера носев еден кармин со кој дечко ми не ме видел од кога сме заедно, а тоа е речиси година и пол, па почнав да размислувам од кога го имам. Повеќе е значи од година и пол, но не мириса лошо, ист е ко првиот ден кога го купив. Имам неколку од тоа време, кои не се променети, а и не ги користам, па се мислам дали да ги фрлам или да поправат гужва уште малку Затоа и прашањето ми беше дали и кога ги фрлате?
Значи не сум била само јас ваква за 2-3 недели ми поминува меракот , макар и 500 денари да е карминот .Само што јас не ги фрлам , си стојат така дома по фиоки расфрлани .
Донт вори чувам кармини и по 2 години стари, нијанси кои не ги користам често, а ми се свиѓаат плус ни до пола потрошени така да...нека си стојат, ке се користат понекогаш. Зошто да не ги користиме, буквално ништо не им фали, така да уста се неможе ништо страшно да се случи, нема ваљда да се отруеме . Има доста кармини и кои сум испофрлила, не ми се свиѓаат ниту ги користам па правац канта, незнам ни зошто ни како се купени.
Не е страшно да се чуваат долго кармините и сенките, имаат долг рок на траење. Лошо е да се чуваат многу пудрите, маскарите па и моливчињата за очи Гледајте го рокот во глобала на производот кај што пишува пример 6M или 24M , така најубаво ќе се ориентирате.
Само да ви кажам дека си го купив Голден роуз мат карминот број 18, црвен е, и можам да ви кажам дека е преубав и траен
^^ Јас слушав на др Оз дека на кармините се собирале многу бактерии и одвреме навреме да се исчистат со влажно марамче, односно одоколу нежно да се помини.