Јас не користам кармин, не ни имам, т.е имам еден од полуматура ама мајка ми ми го џапна за неа и сега немам ниеден. Повеќе користам сјаеви и лабела во боја. Инаку тој карминот што го имав беше некоја средно светла розева нијанса и светеше, леле ама објаснив ама нема врска. А инаку вака сакам да си земам стандард црвен кармин, како што Кристина Агилера секогаш носи, аман веќе досадна стана. И сакам и да пробам портокалов кармин исто, или некоја праска боја.
Сакам и имам кармини во нежни бои.Претежно кремави или праска нијанси.Не сум против темно црвен кармин поготово со некој црн елегантен фустан за некој настан,но секако не за на кафе или во диско со фармерки и блуза така не ми се допаѓа ич,или па дреч розеви усни. Вакви нијанси користам јас
Тинкербелл,и јас имам таков на Ревлон ама во друго пакување е,ми го донесоа на поклон од странство ама кај препоставувам поскап е . Ретко си наоѓам таква нијанса,а најубаво ми стои,па затоа овој си го чувам за специјални пригоди
Маца јас го немам тој од ревлон,само ја прикачив сликата за да ја покажам нијансата.Инаку таква нијанса на кармин,кој го добив и јас на поклон од странство имам на Ланком и скоро го потрошив а поубав кармин никогаш не сум имала еве го
Во мојот несесер можеш да сретнеш различни производители на кармиини и сјаеви за усни, али сите се иста нијанса не знам ни зошто понекогаш купувам кога вејке ја имам нијансата и составот на карминот, сите се розеви нијанси,некои циклама некои бебешко розеви важно основна боја е розевата, затоа што имам светол тен и плава коса,и долго време се спремам да си порачам црвена нијанса но никако да се случи тоа не знам зошто , повеќе ги користам сјаевите одколку кармините и лабелата на росал во боја
Во целата моја шминкерска кариера, јас сум си купила само еден кармин. И тоа пред некој месец. Црвен, убан, заФодлив
Мој нов омилен, темно лила. Додуша бојата мава и малку накај бордо, убаво изгледа. Не носам темни кармини и не знам што ми текна, ама многу си се допаѓам со него. Вака нешто
Значи сакам шугар пинк боја кармин да си најдам ама никако да си погодам. Ја гледаш некако на розе на таа боја и на рака коа пробувам од тестерчиња, на уста коа ке ставам дома не ми излегува посакувана боја. Ете ваква боја сакам, ако може некој да ми каже точно кое бројче и марка кармин да го земам веќе не купувам така 28383пати се зафркнав така за џабе си давам пари..
Јас си купив жар црвен кармин зимата во една парфимерија во Охрид (долу во амамон од кај улицана), од Мода ќе да беше карминот... Ама ептен сум си задоволна за 60-те денари што ги потрошив.
јас имам таков ист како на девојката, од авон од COLOR TREND, од тие кармините со срце што беа одозгора Спојлер .. го имам од лани ама на него не пишува бројка.. е сега мислам дека тие со срце ги нема ама овие се исти како нив.. .. не се многу скапи 100-120 денари, па разгледај си во тековниот каталог еве го мојот:
Девојки,да ве прашам на голден роуз дали имаат хидратантни кармини?Не сум барала никогаш па затоа прашувам,али не верувам да нема. Дали некој користел и дали се добри,дали траат и се доволно хидратантни? И што цена се? Сакам да си земам месо боја Има вакви нијанси? Само малце посветли од овие
^^^Jaс од кармините на Голден роуз сум презадоволна и за изборот на бои и за хидратацијата Па и речиси сите кармини ми се Голден роуз Нит устата ми пука, нит ми е сува, мене ми се доста погодени со оглед на тоа што сум нонстоп со испукана уста и со лабелото За бои, има избор Спојлер Ова се нијансите, во три различни пакувања Тие со темно црвено пакување се највлажни, и го имаат најубавиот црвен кармин. Тие во коцкасто црно повеќето се седефасти, бисерни, сивите ги има секакви За 80-100 денари кармините им се предобри Од Авон се прекрасни, ама мене искрено не ми се даваат секогаш по 250-350 денари за кармин Спојлер ама исцрпен одговор
Јас земав скоро кармин од Голден Роуз, месо боја, може нијанса потемен, па ќе видам сега за сега како ќе биде, преферирам понежни тонови на сјај за уста, па земав и карминче, исто нежна боја.Немам користено до сега кармини на Голден Роуз, па веројатно добри ќе бидат како тргнало се од Голден Роуз да користам, прво пудрата ми е супер, задоволна сум од неа, а еве и сега карминиве, само маскарата не ми е од Голден Роуз Ако ми се допадне карминов ќе си земам и понатака од Голден Роуз.
Јас имам користено само од црните кармини на Голден Роуз и искрено,немаат ни Х од хидратација. Премногу се суви,и иако немам испукана уста прават да изгледа така.Па и мирисот им е антипатичен скрооз. А баш штета ,зашто имаат пре-преубави нијанси!А и цената им е и повеќе од достапна. Значи зборам за црните паковања,другите ги немам пробано. И да искористам прилика да ги пофалам и препорачам нијансите бр.99 и 100. Прекрасни,нежни,секојдневи,nude боички.
Купив месо боја кармин на Голден Роуз од црните паковања . Не ми беше испукана устата и имав одоздола лабело и убаво изгледаше ама малку трае . Дур стигнав веќе ми снема Ама нијансата е супер
Јас гледам според онаа шминка што ја користам највеќе,што боја на кармин би ми одговарало највеќе со таа Плус и,што нијанса ми се допаѓа таа,освен темна,нападна боја..