Ги имаш овие на Мејблин во Космо, Дм, Шатци, Еликсир ... Мислам дека сите нијанси ги имаат, знам Кортисаки поседува некој од овие па нека ти пише подетално. Цената им е околу 400 денари. Тие ти се нешто најслично на сликата што ја постави. Имаш и на Буржоа, трајни кармини мат. Тие се околу 500-600 денари, еве ги нијансите.
Chocolate.me Има некои од нијансиве , од овие на сликава ги имам гледано Coral crush , fuschia flush ,јас сакав да ја најдам pink pop ама никаде го немаше па земав ист таков од Flormar l22
Кармин можеш било каков во ваква крем/беж нијанса. На пример Голден Роуз мат 01, a за одозгора сјај што го дава сличниот ефект е од Маybelline watershine Caffe Latte. Сигурно има и други, но овој го имам и прв ми падна на памет.
ја зедов палетата на Clinique со 4 бои , прекрасна е бои : a different grape pink - a - boo cranberry cream ice bloom
golden rose 124,не се скапи околу 120 +- ден. Спојлер ако сум грешка нека ме поправи некој ама таа е цената
Јас имам темно виолетов од Голден Роуз од тие во сивите пакувања бројче 119, а од истите темно виолетови нијанси се и бројчињата 136, 139 и 140. Исто на ГР можеш да видиш броеви 124 и 125 од најновите кармини, Vision Lipstick. Цените на ГР кармините не се повеќе од 130-140 денари. Потоа имаш нa Rimmel London, Lasting Finish by Kate (црно пакување) бројче 04. Цена: 200 денари. Ако сакаш мат, би ти го предложила на Seventeen Matte Lasting Lipstick бројче 22. Цената мислам дека му беше некаде 280 денари, ама не сум сигурна. Ако грешам нека ме исправи некој.
Сакав нежен кармин, праска боја и конечно си најдов Преубаво мириса и долготраен е и најважно нема светки. Го земав од маалската продавничка 50 ден. п.с. Не е вака црвен како на сликата, кога ќе ставиш има ептен нежна боја
Леле исто и јас праска боја од истова фирма, само јас го зедов за 35 ден. И искрено не верував дека ке има убава боја и ќе биде долготрајно, а испадна спротивното. Мн добар квалитет за тие пари!
^ Golden Rose Velvet matte 09; Rimmel - airy fairy 070; или Rimmel Lasting finish - pink blush 006, зависи колку светол сакаш, овој последниот е најсветол.