последно што си купив е од ДМ- алверде број 10. Цена 220 ден. Бојата ми е преубава а и мек е како лабело. Апсолутно препорачувам.
Имам од Алверде црвен ама кога ќе го ставиш не е црвен, овие кармини немаат јаки бои мислам, како да избледува бојата, ама мноогу се убави, највеќе ми се допаѓа квалитетот, тоа што се мрсни и што се на природна база. И тоа што имаат мирис на старите добри кармини, што веќе не се среќава. А што боичка ќе му дојде овој твојов?
на мојот пишува funky mauve. нешто како темна месо боја накај вилоетово точно е дека не траат долго посебно ако јадиш, пиеш и слично но мене тоа не ми пречи.
Бубаче, овој од Авон ( Color Trend; Raven) е ист како на сликата. А и траен е. Цената во секој каталог е различна, но воглавно е околу 100 и нешто денари.
EMoonlight мене ме бунат сликиве,односно јас бројки не гледам остарев изгледа По кој редослед ги броиш од лево кон десно или од горе кон доле
Девојки, само да ви напишам пошто сум пресреќна, за сите трагачи на нудот , најдов една до сега најпрекрасна нијанса, за ефтини пари (200 денари), која нема да ве прави како испиени во лицето туку баш напротив. Rimmel Undressed 240 нијанса. Еве како стое уффффф. Дефинитивно подобар од Севентин 01 и 02 мат, пошто 01 е преблед, бар за мојата кожа, а 02 е нуд да, но со розов подтон. И во целата беља при потрага, го купив и на Аура 277, нешто измеѓу 01 и 02 на севентин му доаѓа, 100 денари е. Овој со моливче (кафено или нуд) за усна е прекрасен, а без молив ми е преблед. Спојлер
Оф,се извинувам. Не си остарела јас не сум објаснила како гледам,од почеток од горе,од првата слика па натаму по ред на десно .
Caterine Arley незнам бројка ке видам зошто го има другарка ми и ке пишам инаку ист е како на сликата