Девојки ако може да ме упатите каде и од која фирма да најдам суви кармини, значи не кремасти како лабело кои се бришат веднаш туку суви кои тешко се вадат. Ви благодарам однапред
EMoonlight би ти ги препорачала Rimmel Apocalips Lip Lacquer со тоа што овие течни кармини не се толку сјајни. Затоа се пигментирани доста. Јас го тестирав и скоро 3 саата издрзува со јадење и пиење без да го аплицирач пак. Односно тој бледи постепено но остава добар кремаст финиш. Додека бледее му се губи сјајот и не е леплив воопшто затоа и мене ми се допаѓаат. Проблемот е што мораш секогаш да си имаш огледалце кога го нанесуваш само поради прецизноста да не скршнеш од линија. Инаку вредат и јас топло ги препорачувам. Јас ја имам Big Bang и ја кпив поодамна незнам точно за цена. Таа е слична како твоја црвена, е сага многу зависи и твојата боја на устата. Втората потемна ми е Galaxy која ми е најблиску до она што ти бараш. Мене ми фати окце кај и дај е ќе ја барам во ДМ иако овие потемниве потешко се наоѓаат. ако некој види нека извести. Од прилика мислам дека тоа би било тоа, колку што сватив јас,од ова што бараш ти
Дали некоја го има користено на Ревлон, сјајот Colorstay ? Колку е цената? Ако може да ми кажете, ви благодарам.
Кое бројче е карминов? И цена ако знаете. Според сликава ми изгледа совршен за мој вкус, така да, морам да го имам.
Golden Rose Lipstick nr 92 https://scontent-b-fra.xx.fbcdn.net...=437df389ed90a3bad82c08c03a71010d&oe=54E765CB Essence longlasting lipstick http://m3.paperblog.com/i/64/645766/essence-longlasting-lipsticks-L-TjwBNf.png
Женски,ваква боја на кармин , ама баш ваква , металик лилјакова ? Денес размислував дали да земам од карминов на Диор 786 , ама на попуст е 26 евра и некако не ми се даваа толку пари поготово за ваква боја на кармин , што мислам дека ретко ќе го носам. продавачката го носеше и многу ми се допадна како и стои значи не веше воопшто нападна бојата. И сега цело време се мислам дали да го купам или да земам некој поевтин. Од марката Сефора немаше таков ај препорачајте ми некој па ќе размислам јас
Денес бев во една маалска продавничка и најдов вакво слично карминче како ова погоре , Sixteen cosmetics (грчко производство се) а и многу се евтини јас 3 евра го земав , кремаста е структурата а и бојата ми се допаѓа ( ми смета само миризбата ко тие ГР мирисаат ) инаку и тој на Диор беше преедобар ама искрено за ваква боја што мислам ретко ке ја носам не би дала толку пари
Најслично ми е ова на ГР мат , 16ка , оди на тестерче да го пробаш како што проверив , 20ката е најтемна од ГР мат карминиве ама па не изгледа и толку темна како сликиве што ги постави погоре...а да одиш да си провериш од севентин кармините бр 22 нешто вака
Пред некој ден забележав во Космо кармини на Буржоа од линијата Rouge Edition некои нови пишуваше на нив 12 hours, само на брзинка ги погледнав ама ми останаа во памет прекрасните боички. Појма неам дали беа истиве како на сликава, може да ги ѕирнете, за квалитетот немам сомнежи, само треба да ги истестирам дали стварно ќе држат 12 саати и баш ми треба некоја боичка како последната: Ако некој ги забележи и ако најде слика на интернет кои боички ги има кај нас точно сите ќе му бидеме благодарни, јас незнам дали во скоро можам да шетнам.