Луничка ѕирни ги овие на Аура, во ДМ и Космо ги имаш, 220 денари се. Квалитетни се и имаат многу нијанси, неможам да ги најдам на интернет сите нијанси да ги видиш ама црвенки баш имаат 4-5 нијанси. Би ти ги препорачала и на Севнтин, јас сум многу задоволна од нивните кармини, хидратанти се, мека ја прават устата. Од овие побарај има црвени нијанси, тие во сребрена боја се мат. Поефтини имаш и во Голден Роуз ама немам користено од нив така да незнам да ти препорачам или да ѕирнеш по каталозиве Авон, Орифлејм се наоѓаат убави карминчиња на 150-160 денари.
Јас го користам моливот за усни од Авон, mistery mauve нијанса, само 120 денари на акција е, многу често го ставаат, а редовна цена 170 некаде му е, значи скрос иста, и многу трае, и хидратантен е, не се брише лесно. Јас по 3 пат го нарачувам и кога ќе го потрошам, пак ќе го нарачам, пошто сум презадоволна. А над него некогаш ставам само проѕирен сјај, или почесто само лабело, и така трае уште повеќе.
Вака да прашам. Никогаш немам користено кармини со изразена боја, а кога видам на друг ми се допаѓа. Е, сега си нарачав од Авон 3 кармини во боја и никако не можам да ги навикнам на мене, кога се видам во огледало чудно ми е, иако убаво ми стојат. Иначе да ги пофалам кармините од Авон, многу се квалитетни и убави, а си ги нарачав на намаление.
Луничке, од Римел да видиш од црвената колекција на Кејт Мос ? Имаат најубави црвени нијанси, мислам дека секоја жена би можела да си ја најде совршената нијанса на црвен кармин од оваа колекција, преубави се нијансите.
Повеќе има врска тенот, отколку бојата на косата. Иако и тие не се нешто стриктни. Еве некој совет тука. http://www.ladylifehacks.com/find-right-lipstick-shade/ http://www.beautyhows.com/lipstick-...skin-brunettes-blondes-brown-tan-black-women/
ако е до тенот, мојот тен е доста блед, што дури и докторите ми рекоа да земам некои витаминини поради ова Инаку благодарам за линковите
Колку е одприлика рокот на траење на кармините? Ги имам извадено етикетите, а имам некои постари кармини. И некоја слична боја на кармин ваква, некој предлог http://stealherstyle.net/wp-content/uploads/2014/05/kylie-jenner-makeup-1.jpg
Додека не ти се умириса и не ти стане замастен и како леплив користи си го. Од прилика имаат рок 6 месеци до една година одкако ќе почнете да ги користите. Нели ќе им влезе воздух и како што нанесувате така се во допир со бактерии и надворешна околина па почнува да им тече рокот. Ма да јас имам кармини и постари од една година па не им е ништо, ко нови си се. Мислам дека неможе да имаш некоја којзнае каква негативна последица, фрли го ако почне да ти мириса чудно и ја смени структурата.