Каква боја на очите има вашето бебе? Дали се роди со сиви/сини очи па потоа се сменила бојата во кафени , зелени или пак си останале таа боја? Керка ми се роди со темно сина боја на очите и како поминуваат месеците и стануваат посветли и посветли. Јас и маж ми се `чудевме` од каде таа да има сини очи а ние двајцата кафеави , но секако гените имаат улога и овде.Инаку брат ми , мајка ми и баба ми имаат светла боја на очи. Кога ја однесовме на педијатар некаде 4ти месец ни кажа дека очите нема да и потемнат. Не ми беше важно воопшто ,важно е да се здрави. Ме интересира вашето мислење во врска со темава.
Баба по мајка ми, и цело нејзино семејство светло сини или зелени..мераци в очи да ги гледаш, особено вујковците потемен тен, светли очи. И никој ни внуци ни деца немаат наследено. Нз за бебпчето што би го имале какви гени ќе наследи. А и свеки има мн убави очи, а мм кафеави, како и јас. Само се чудам од олку јаки и доминантни црни гени и на очи и тен, каков бебуш би имале...а толку сакам
Сите новородени бебиња имаат тегет односно темно сини очи, без исклучок. Колку што знам дури после вториот до третиот месец се гледа дефинитивната боја.
Јас сум многу чуден човек. Од кога сум се родила, некаде до 4тата година од животот сум имала темно сини очи и ми биле прекрасни. Сега ми се бааги светли и зелени. И кога ми се менуваат во плави, сепак се премногу светли. Кога гледам слики ми се плаче.
Jaс од кога знам за себе имам светло - кафеави очи. Гледам и по слики, по снимки, ма уште кога сум се родила сум имала такви очи - фриксон, а баш би сакала да имам зелени како на мајка, ама шта је ту је.
Од раѓање кафени. Ставив леќи - оп ,ете сини Изненаџење Ги метнав леќиѓтата што подалеку и опет кафени Природно си е природно ,нели?
Јас сум имала ептен светло сини очи...Па после 1-вата година зелени...И одтогаш навака де зелени, де црни, де кафени, де зелено-кафени....си се менуваат, ама најмногу се зелени
Јас како бебе имав темно кафеави очи и како што растев осветлуваа...за денес да ми се светло кафеави помешани со зелено...
Јас уште од раѓање сум имала многу темни очи, темно кафени накај црни, и не ја сменија бојата ете и до ден денес имам такви.
Како бебе сум имала ептееен темно кафеави очи, црни што се вика. Сега ми се посветли, онака просечни, бидејќи највеќе луѓе има со такви очи. Него какви се, такви се - битно ни служат добро, па сеа за боја ...
бојата на очите се променува кај бебе ретко да си остане истата боја со која се родило затоа немој да се грижиш
Како што кажа Kitten претходно, сите деца се раѓаат со темносини очи, поради тоа што ирисот се' уште нема пигмент. Бојата се јавува подоцна, а зависи од гените. Јас на пример имам темни очи, ама ептен темни кафеави, боја чоколада, а мажот ми има сини очи, и тоа убава нијанса на сино, не многу светла, ниту пак многу темна. Син ми има некоја мешавина од зелена и сина (двете баби и еден дедо имаат зелени очи, а другиот дедо кафеави), а веќе има 6 месеци, но некако како да не му е одредена бојата. Јасно е дека ако бебето има посветли очи кога ќе се роди, нема да му потемнат. Најважно е секако да се здрави, а за бојата барем денес лесно е
татко ми и мајка ми имат кафени очи, јас по некоја логика имам светло зелени очи .. мојот сопруг има потемно зелени очи а синчето ни има светло сини очи .
Скоро дознав дека родители со светли очи секогаш имаат и деца со светли очи.Додека пак родители со темни, може да имаат дете и со светли и со темни.Генетиката е чудо Мајка ми има сини очи, татко ми кафени, а јас кафено-зелени на баба
Кај мене во фамилијата татковците знаат без дилема дека синовите се нивни по бојата на очите Машките во моето семејство имаат генетска абнормалија и се раѓаат со различна боја на очите, едното им е сиво а другото им е модро сино. Татко ми, брат ми и синовите негови се со различна боја на очите, а ќерката иако е родена како близнак и си личи на него ја нема наследено оваа генетска абнормалија. Ептен се симпатични и интересни такви со различна боја на очите
На сите бебиња очите им се сини на почеток. Сум слушнала дека тоа е поради млекото, но не верувам дека е таа причината.